Македонија
Жените од „Пајажина” за Божик дома, барање на СДСМ
Денеска пред Основниот суд 1 во Скопје со свирчиња протестираа пратениците на СДСМ и неколкумина роднини на притворените од случајот „Пајажина“. Протестот траеше кратко.
Денеска пред Основниот суд 1 во Скопје со свирчиња протестираа пратениците на СДСМ и неколкумина роднини на притворените од случајот „Пајажина“. Протестот траеше кратко. „Сметаме дека новогодишните и божикните празници се доволен мотив судиите да ја преиспитаат одлуката за до недоглед изречените мерки притвор, особено за мајките и болните лица. СДСМ го повикува судот и обивинителството да почнат мерката притвор да ја користат како мерка за обезбедување а не како мерка за политички реваншизам”, изјавија жените од СДСМ. Додека траеше протестот, во судот беше во тек судскиот процес за кој адвокатот на Велија Рамковски појасни дека ќе трае и во јануари, февруари и март. Тој кажа дека последниот ден одреден за судење е 27 март 2012 година. Повеќе бранители бараат да се ослободат притворените и во текот на денов очекуваа одговор од судот. На протестот се придржи и Вилета Бошкоска, сопругата на Љубе Бошкоски кој веќе е осуден на седум години затвор за користење на нелегални пари во изборна кампања. Притворените за случајот „Пајажина“ беа уапсени пред една година, а правосилноста на обвинителниот акт и можноста да излезат од притвор изминува во март. /крај/мф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

