Контакт

Општество

СМК: Егејската средба во Трново не е укината

Објавено пред

Ниту „Егејска средба“ во Трново е укината, ниту „егејското прашање“ е затворено, напротив се обединија тие што сакаат да го решат, за разлика од лустрираните кои досега го манипулираа од политички и бизнис интереси, реагира во понеделникот Светскиот македонски конгрес по написите дека традиционалната средба на Македонците од егејскиот дел од Македонија, протерани од нивните домови од Грција е укината

dobivaj vesti na viber

„На 2-ри јули 2014 година, во кабинетот на градоначалникот на општина Битола, Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес во кои се обединети стотици македонски здруженија од Републиката, од светот и од сите делови на Македонија, свечено потпишаа Договор за обединување на 34. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и 43. Светска Македонска иселеничка средба во една и единствена Семакедонска средба. Такви иницијативи постоеја речиси секоја година од 1990“, се вели во реакцијат ана Светскито македонски конгрес. Притоа се додава дека релевантните здруженија како организатори, со Договорот утврдија дека, “Иселеничката Средба за првпат одржана во 1971 година во битолското село Трново во организација на Матицата на иселениците од Македонија, од 1998 година преименувана во Светска Македонска Иселеничка Средба во организација на Светскиот Македонски Конгрес, и Пограничната средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во битолското село Трново за првпат одржана во 1981 година во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија – Битола, во оваа 2014 година се обединуваат во една и единствена Семакедонска средба.“ Договорот за обединување во една и единствена Семакедонска средба во Трново на Илинден, беше прифатен најпозитивно од огромното мнозинство Македонци во светот и во Републиката. Меѓутоа, до НОВАТВ пристигнало протесно писмо од двајца самонаречени „активисти за македонски национални права од Битола“, Никола Костурски лекар и Александар Литовски историчар, полно со лаги и неосновани обвинувања за наводно „укинување на Пограничната средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија“. Се огласи и општинската организација на СДСМ и ЛДП во Битола со истите обвинувања. Го прочитавме и интервјуто на генералот Тодор Атанасовски во „Утрински весник“ од 27-ми јули 2014 година за наводна “егеизација на Македонија“, обвинувајќи ја власта дека “е многу отворена токму околу тој дел на сфаќање на македонското прашање“ и дека “понекогаш се чувствувал како да сме малцинство на сопствената дијаспора, на економската емиграција на луѓе од Беломорието, кои сега се распрскани низ светот“ (?!) А, ако не држи добро меморијата, во 2008 година прочитавме слична колумна и од Љубомир Данаилов Фрчкоски кој саркастично кон т.н. “егејско прашање“ велеше дека, „Македонија не може да биде заложник на трагедијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија“…, наведуваат од СМК. Светскиот македонски конгрес, исто така, во својата реакција го објавува следното соопштение, како одговор на лагите и обвинувањата. Никола Костурски и Александар Литовски не се ниту “друга страна“ ниту релевантни за одржувањето на 43. Светска Македонска Иселеничка Средба и на 34. Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во битолското село Трново, во една и единствена СЕМАКЕДОНСКА СРЕДБА на ден Илинден, на големиот христијански празник Свети Илија, на 2 август, на Денот на државноста на Македонија! Постојат релевантни организатори на овие средби, Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, кои оцениле дека во духот на семакедонското обединување, конечно, рационално и историски оправдано е обединување на овие две средби во една и единствена Семакедонска Средба, поради што постигнаа Договор после 33 години подвојување независно за причините на “расколот“ во 1981 година наместо една две средби една по друга во Трново. Имено, станува збор за две средби кои се одржуваат на исто место и со речиси исти луѓе, за време од пет дена разлика, едната на 27 јули, другата на 2 август. Врз никој од никого не е вршен било каков притисок, од градоначалникот на Битола или од власта воопшто, сите четири здруженија самосвесно и одговорно заедно решија така како што се договорија! Градоначалникот на општина Битола нема никаква улога во овој Договор, освен што изрази поддршка на барањето на организаторите, градоначалникот на општина Битола да биде покровител на Семакедонската Средба, а Советот на општина Битола да ја утврди како јавна манифестација од поширок општествен интерес во Програмата за култура на општина Битола. Зарем градоначалникот на општина Битола не смее да изрази задоволство од договорот на организаторите на двете средби да се обединат во една и единствена Семакедонска средба? Патем, македонското прашање не може да се решава парцијално и сепаратно, туку универзално и интегрално! Прашањето за положбата и правата на Македонците во Грција и правата и слободите на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година не е прашање само на овие Македонци или само на нивните потомци, иако тие се жртви на оваа голгота, тоа не е само нивна трагедија туку на македонскиот народ во целина! Овој геноцид врз македонскиот народ од 1912 година е во основата на македонското прашање и обврска на сите Македонци заедно! Токму поради ова, Собранието на државата Македонија, за првпат во историјата на Републиката, на седницата одржана на 27 август 2008 година, донесе “Резолуција за бегалците од воените дејствија во Република Грција за време на Граѓанската и Втората светска војна“, а “заради последиците од трагедијата на над 80.000 бегалци, од кои 28.000 деца, од воените дејствија во Република Грција за време на Граѓанската и Втората светска војна“. Токму поради ова, при Министерството за надворешни работи за првпат во историјата на Републиката се формира Координативно тело за “егејското прашање“, со цел “преземање на сите активности во овозможувањето на бегалците од воените дејствија во Република Грција за време на Граѓанската војна и Втората светска војна, граѓани на Република Македонија, да ја комплетираат документацијата во функција на институционално и правно заокружено и издржано истапување во процесот на остварувањето на нивните имотни права пред надлежните органи на Република Грција и меѓународните организации.“ За жал, недоволната организација и некоординираност меѓу бројните здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Републиката и во светот, од 1944 година до денес, не придонесе за решавање на прашањата за правата на насилно прогонетите Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни и Граѓанската војна во Грција. Власта во времето на комунизмот тоа прашање го “стави под тепих“. За жал, живите насилно прогонети Македонци од Егејскиот дел на Македонија се се’ помалку, биолошки поради години умираат, а тоа е целта и на Грција, да останат само нивните потомци кои не се родени во Грција и живеат надвор од Хеленската Република, кои немаат грчки државјанства за да не можат да остварат било какви граѓански, имотни и наследни права во Грција, за да конечно се затвори “македонското прашање“ во Егејскиот дел на Македонија под окупација на Грција од 1912 година. Тие служби досега успешно го манипулираа тој процес… Слично, изумреа речиси сите насилно прогонети Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Балканските војни 1912-1913 година и во Првата Светска Војна 1914-1918 година, од кои поминаа 100 години лани, односно годинава… И ним ништо не им се реши од 1944 година. Обединувањето на овие две средби е само мал придонес во семакедонското обединување на релевантни здруженија на Македонците на глобално ниво, со цел анимација и решавање на овие отворени прашања во Македонија, Грција и меѓународните организации, бидејќи во единството е силата, а во обединувањето е одбраната и акцијата! За поздравување е, исто така, и “Договорот за соработка, координација и размена на искуства и информации по прашањата и проектите од заеднички интерес“, потпишан меѓу Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН, Светскиот Македонски Конгрес и Сојузот на Македонците со исламска религија, на истиот ден како и “Договорот за обединување во една и единствена Семакедонска средба“, на 2 јули 2014 година во Битола. Не постојат никакви политички и бизнис мотиви за укинување на “Егејската Средба“! Ниту “Егејската Средба“ е укината, ниту “Иселеничката средба“ е укината, напротив и двете средби се обединети во една и единствена Семакедонска средба! Не постојат разлики меѓу насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и иселениците од Македонија, затоа што сите се Македонци, помирувањето и обединувањето е нужност за решавање на македонското прашање во целина! Таканареченото “егејско прашање“ не може повеќе да биде монопол на поединци без резултати, кои цело време ги елиминираа сите останати во намерата за обединување односно во намерата никогаш да не се постигне договор за единство во акцијата, додека и последните не’ изумрат, за да останат само нивните потомци кои изгубиле секаква физичка врска со родниот крај на своите родители и прародители, освен останатите спомени во домашните фото-албуми. Затоа и сите релевантни меѓународни организации и властите во Атина досега не’ третираа несериозно, бидејќи самите раскарани и разединети, не знаевме што воопшто сакаме. И како одговор на останатите лицемери, манипулатори и политиканти на истата тема: Македонија НЕ е во фаза на “егеизација“, ниту Македонците во Републиката се “малцинство“ во однос на Македонците во светот или на Македонците од Егејскиот дел на Македонија низ светот! Македонија НЕ е “заложник на трагедијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, односно на еден дел од нацијата“, насилно прогонети од Егејскиот дел на Македонија! Посебно не може тоа прашање да биде дежурна тема за приватни политички и бизнис интереси на сега веќе лустрирани соработници на службите, кои речиси половина век вршеа раскол меѓу Македонците од Егејскиот дел на Македонија и Македонците во целина, а потекнуваат од иста кујна, со препознатлива политичка манипулација, која од 1944 година ништо за нив не стори, туку напротив “егејското прашање“ го држеше под тепих и го затвори, затоа што така сакаа Белград и Атина од 1912 година од окупацијата врз Македонија и геноцидот врз македонскиот народ!/крај/мф/смк

Извор: СМК



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија10 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија11 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија12 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија13 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија18 часа

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија19 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија20 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија20 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија20 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија21 час

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија21 час

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет23 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа23 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет23 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион23 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет23 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет1 ден

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија2 дена

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...