Свет
Чак Норис го поддржа Гингрич
Американскиот актер и мајстор на боречките вештини Чак Норис го поддржа Њут Гингрич за републикански кандидат на американските претседателски избори,
Американскиот актер и мајстор на боречките вештини Чак Норис го поддржа Њут Гингрич за републикански кандидат на американските претседателски избори, непосредно пред партиските предизбори во сојузната американска држава Јужна Каролина, кои може да идат клучни во борбата за републиканската номинација.Чак Норис во својата редовна колумна на порталот WolrdNetDaily пишува дека го поддржува Њут Гингрич бидејќи верува дека може да го победи на претседателските избори актуелниот демократски претседател Барак Обама и „да ја врати Америка во деновите на нејзината најголема слава“.„Веруваме во искуството на Њут, лидерство, знаење, мудрост, вера.. и дури и во неговата понизност да учи од сопствените грешки (лични и јавни). Веруваме дека може да ја врати Америка во нејзините славни денови. Најдобриот човек остана на боиштето кој може да го надигра, надмудри и надвладее Обама и неговата изборна машинерија“, порача славниот актер.„Доколку сте подготвени за добра борба и за обновување на нашата република, тогаш ве повикувам да ни се придружите на мојата сопруга Џени и мене во поддршката и гласањето за Њут Гингрич како републикански кандидат и потоа американски претседател“, пишува Чак Норис. Норис, кој е закоравен републиканец, на претходните претседателски избори го поддржуваше и учествуваше во кампањата на поранешниот гувернер Мајк Хакаби, којшто до почетокот на март и предизборите во Тексасдобор се бореше против подоцнежниот победник за републиканска номинација Џон Меккејн. За Грингич, поранешен претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, кој во моментот заостанува зад водечкиот но умерен кандидат Мит Ромни, изборите во саботата може да бидат клучни. Јужна Каролина е држава со избирачко тело во коешто доминираат белите евангелисти – база на десното крило на Републиканската партија во која Грингич мора да оствари добар резултат доколку сака да остане во трката за номинација.Инаку Јужна Каролина ги одбра сите досегашни победници во натпреварувањето за претседателска номинација на Републиканската партија од 1980 година наваму.Инаку во март 2009 година Чак Норис ја објави колумната под наслов „Ќе се кандидирам за претседател на Тексас“, којашто предизвика големо внимание на јавноста. Во колумната Норис најави „војна“ против Барак Обама, тврдејќи дека сојузната држава Тексас ќе се отцепи од Соединетите американски држави доколку американскиот претседател не престане со неговото силно левичарење.Норис пишуваше дека Америка под водство на Обама сé повеќе се оддалечува од визијата што ја имале нејзините творци. Притоа тој го наведе Џорџ Вашингтон и неговиот совет дека е добро да се биде што помалку политички поврзан со странските нации, како и на предупредувањето на Томас Џеферсон дека на владетелите не смее да им се дозволи да ги оптоваруваат граѓаните со долгови.Норис во колумната ги постави прашањата колку долго Американците ќе го поднесуваат тоа, и дали кога ќе се прелее чашата, американските лидери ќе умеат да слушаат. Според Норис, тоа може да биде повод и почеток на уште една американска револуција, која според него би тргнала од Тексас а тој би станал негов претседател. Притоа легендарниот „тексашки ренџер Волкер“ наведува дека од 1836 до 1846 година Тексас бил засебна република./крај/хи/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

