Свет
Американско-кинески инцидент во Пацификот

Кинески бродови си поигрувале со безбедноста на американски невооружен воен брод, за што Обама жестоко ја критикуваше Кина.
Шефот на американскиот Центар за разузнавачка служби Денис Блер во вторникот пред Конгресот изјавил дека Кина станува воено поагресивна. Неговиот коментар доаѓа откако во неделата пет кинески бродови во меѓународните води пресретнале и му попречувале на невооружен брод на американската воена морнарица на кој бил во функција на изработување поморски карти. Кинеските бродови опкружувајќи го американскиот брод, се приближиле на помалку од десет метри. Извори од Пентагон изјавиле дека Кинезите се однесувале толку агресивно и толку се доближиле, што командата на бродот морала да маневрира со цевки за гаснење пожар. Потоа еден од петте кинески бродови застанал точно на патеката на движењето на американскиот брод, при што овој морал нагло да кочи. Американските власти сметаат дека ова е демонстрација на сила, бидејќи според нивните проценки Кина во последните десет години се вооружува многу брзо. САД и Кина имаат несогласување околу Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија. Повеќе од половина век американското присуство во овој дел од Пацификот е единствена пречка што Кина се’ уште не извршила инвазија на островот. Но, американските воени аналитичари сметаат дека тоа е еден од приоритетите на кинеската политика и дека наскоро токму со обид за освојување на Тајван, Кина ќе сака да демонстрира дека се вооружила толку многу, што мора да биде прифатена како воена светска велесила. „Овој инцидент е најтежок по оној од 2001 г. кога Кинезите притворија екипаж на американски шпионски авион“, изјавил Блер за американските медиуми. Инцидентот за кој се говорело во американскиот Конгрес се случил во неделата.Американскиот претседател Барак Обама ја критикувал Кина заради однесувањето со кое биле доведени во опасност човечки животи. Тој додал дека американската морнарица ќе продолжи со нејзините операции во Јужното Кинеско Море, кое Кина го смета исклучиво за нејзино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.