Македонија
Средба Милошоски – Карл Билд
„Билд како и многу политичари посакува напредок во македонско-грчкиот спор за името. Кај скандинавските земји се забележува капацитетот да се направи дистинкција меѓу важните билатерални прашања или спорови, и важноста и релевантноста на пошироката слика“, смета Милошоски
„Билд е еден од оние Европејци кои силно веруваат во процесот на проширувње на ЕУ како алатка за стабилност, мир, економски напредок и мислам дека како таков политичар и беше еден од поборниците за време на шведското претседателство Македонија да го добие заслужениот датум за почеток на пристапните преговори“, изјавил министерот Антонио Милошоски по денешната средба со шефот на шведската дипломатија Карл Билд, пренесе МИА.. Притоа Милошоски истакнал дека квалитетот на реформите во Македонија е задржан и изрази уверување дека за време на шпанското претседателство Шведска е на страната на оние држави кои постојано ќе го препорачуваат отворањето на пристапниот процес за Република Македонија.„Она што ЕУ ветила дека ќе го направи врз основа на исполнети критериуми треба да го стори кога земјата кандидат е подготвена да почне пристапни преговори за членство и во тој контекс се надеваме дека Македонија за време на шпанското претседателство ќе може повторно позиитивно да го претстави својот случај иако нема да бидеме изненадени доколку грчката позиција остане ригидна по ова билатерално прашање, истакна Милошоски.Коментирајќи какви се шансите за напредок во спорот со Грција шефот на македонскатаа дипломатија рекол дека шансите се толкави колку што постои капацитет за отвореност во двете држави.„Според мене, Грција ги намалува шансите со целата затворена позиција која што се нарекува црвена линија“, смета Милошоски и додаде дека со друг пристап кој би ги задоволил двете страни до одредени мерки реално е да се очекува и приближување напред.Во врска со евентуалното влијание на моменталната ситуација во Грција врз билатералниот спор Милошоски рече дека се уште постои дилема дали случувањата ќе бидат предност или шасна да се направи пробив или ќе бидат дополнителен хендикеп.„Она што нас не загрижува е реалната економска состојба во Грција којашто може, доколку оваа криза потрае повеќе од две-три години, негативно да се одрази на економската слика во регинот“, рекол Милошоски додавајќи дека Грција е наш важен трговски партнер и има активна грчка бизнис заедница која инвестира во Македонија.Шефот на македонската дипломатија утре во Стокхолм ќе учествува на конференцијата „ЕУ интеграцијата на Балканот“ на која е предвидено да говори за напредокот на Македонија во процесот на интегрирање во ЕУ, како и за претстојното претседателство на Македонија со Советот на Европа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

