Свет
Рекорден број австриски верници ја напуштаат црквата

Рекордни 100 илјади Австријци годинава би можеле да истапат од Римокатоличката црква.
Рекордни 100 илјади Австријци годинава би можеле да истапат од Римокатоличката црква. Најавите доаѓаат по серијата скандали поврзани за сексуална злоупотреба на малолетници, кои нанесоа штета врз угледот на црквата, пишуваат австриските медиуми во вторник.
Околу 57 илјади луѓе ја напуштиле Црквата во првите шест месеци од годинава, пишува австрискиот весник „Дер Стандард“, повикувајќи се на официјални владини податоци.
Оваа бројка е поголема од минатогодишната, бидејќи во 2009 година Црквата ја напуштиле 53.216 верници.Портпаролот на виенскиот кардинал, Кристоф Шоенборн, кој официјалните бројки треба да ги објави во јануари 2011 година, не бил достапен за коментар – пренесува Хина.
Скандалите околу свештеничкото злоупотребување на малолетници беа обелоденети во САД и во уште неколку европски земји, вклучувајќи ја и Германија, родната земја на Бенедикт XVI.
Црквата игра важна улога во Австрија, конзервативна земја од 8 милиони жители, каде во 2008 година околу две третини од граѓаните се изјасниле како католици./крај/Хина/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“
Европа
Стармер: Русија ја започна војната и Русија стои на патот на мирот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во Киев дека дојде моментот за мировен договор – но дека единствената пречка за тоа е Кремљ.
„Сите знаеме дека само една земја ја започна оваа војна и само една земја го блокира нејзиното мирно решавање денес – а тоа е Русија“, рече Стармер.
Тој додаде дека предлогот за 30-дневен прекин на огнот сега е официјално на маса. „Володимир го поднесе овој предлог пред два месеци, Емануел и јас интензивно работевме на тоа, а сега се придружија повеќе европски земји и САД. Постои јасно единство“, рече тој.
„Ова е пресвртница. Сите што сакаат мир сега се обединуваат. А оние што го одбиваат – ќе бидат разоткриени.“