Македонија
Бирото за јавни набавки го демантира ЦГК
Во врска со Годишниот извештај на Центарот за граѓански комуникации кој не беше доставен за произнесување по истиот до Бирото за јавни набавки и Државната комисија за жалби
Во врска со Годишниот извештај на Центарот за граѓански комуникации кој не беше доставен за произнесување по истиот до Бирото за јавни набавки и Државната комисија за жалби, а во врска „Јавните набавки во Македонија се нетранспарентни“- Бирото за јавни набавки ја информира јавноста за следново:
Како орган на државната управа, Бирото е надлежно да го следи и анализира функционирањето на системот на јавните набавки и при тоа секогаш сериозно ги зема предвид анализите и истражувањата кои ги вршат домашни и странски консултанти, експерти или организации, се вели во соопштението.
„Би сакале да напоменеме дека во периодот од 01.01.2008 година до денес објавени се вкупно 14.777 огласи за доделување на договори за јавни набавки и тоа: 8.612 – огласи за доделување на договори и 6.165 огласи за барање за прибирање на понуди. Согласно податоците од ЕСЈН доставени се 14.619 известувања за склучени договори и 2.501 евиденции за постапки за барање со прибирање на понуди, а додека поништени се 14.3% од постапките во кои се наведени и причините за поништувањата“ стои во соопштението на Бирото за јавни набавки.
Сметаме, дека случајниот примерок од 160 постапки (или 0,01% во однос на вкупниот број на огласи) врз кои е извршена анализата од страна на Центарот за граѓански комуникации, е недоволен за објективна и реална оценка на системот за јавни набавки како нетранспарентен.
Од воспоставувањето на системот на огласи и известувања, од 01.01.2008 година, односно интегрираниот систем на јавни набавки се придонесе за максимална транспарентност, ефикасност, економичноста, фер и еднаков третман помеѓу економските оператори.
Позитивни оценки за законската регулатива и системот за јавни набавки во РМ се дадени и во извештајот за напредокот на РМ за 2008 и 2009 година од страна на Европската комисија.Имајќи го во предвид нарачателот на извештајот не нé изненадуваат провизорните и паушални проценти а се со цел да се прикаже системот за јавни набавки во РМ во негативно светло./крај/со/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

