Економија
Во „Хипо Алпе Адрија“ банката се испитуваат 75 сомнителни случаи

Претседателот на „Хипо Алпе Адрија Груп“, Готвалд Кранебитер, изјави дека под истрага во банката се опфатени 75 случаи на работење на територијата на југоисточна Европа, а најголемиот број на случаи ги преземале судските власти во Австрија, пренесува хрватскиот портал „Данас“.
Претседателот на „Хипо Алпе Адрија Груп“, Готвалд Кранебитер, изјави дека под истрага во банката се опфатени 75 случаи на работење на територијата на југоисточна Европа, а најголемиот број на случаи ги преземале судските власти во Австрија, пренесува хрватскиот портал „Данас“.
За претседателот на управата на Хипо банка причините за проблемите што настанале во групацијата не се поврзани само со ризичните кредитни пласмани или плаќање на провизии.
„Причините за проблемите се различни. На прво место тоа е агресивната политика на ширење, управувањето со ризиците не беше соодветно, а секако тука се и големите проблеми со застојот во економијата“, истакнува Кранебитер.
Главната задача на новата управа на банката, за Кранебитер ќе биде создавање услови за внимателно работење.
Тој за медиумите потврдува дека банката е во фаза на реструктуирање, што се води пред Европската комисија, а Австрија има намера во наредните 4-5 години да продаде делови од банката./крај/данас/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Потпишан меморандум со „Казанџи груп“ – стратешки проект во енергетиката вреден 1 милијарда евра

Премиерот, Христијан Мицкоски, со претставник од компанијата „Казанџи Груп“ денеска потпишаа меморандум, со кој, според премиерот, се отвора простор за стратешки проект во енергетиката вреден 1 милијарда евра.
„Денеска испраќаме јасен сигнал дека имаме волја, план и капацитет да го обезбедиме својот енергетски суверенитет и да го заштитиме својот економскиот интерес на државата на долги патеки. Со потпишувањето на овој меморандум со „Казанџи Груп“, отвораме простор за реализација за значаен стратешки проект, вреден до една милијарда евра инвестиција што ќе има реално, практично и долгорочно влијание врз енергетскиот систем на државата“, рече Мицкоски.
Тој појасни дека проектот предвидува три главни компоненти: развој на нови капацитети за производство на електрична енергија; изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдување со гас.
„Ова не е само инфраструктурен проект. Ова е проект што ја засега безбедноста, стабилноста и економската иднина на државата. Енергијата е основа за секој вид производство, за функционирањето на институциите, за нормалниот живот на граѓаните. Да имаме свој извор и стабилна дистрибуција значи да имаме сигурност, предвидливост и контрола врз еден од најважните системи во државата“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека со оваа инвестиција се отвораат и нови можности за индустријата, се поддржува гасификацијата, се отвораат нови работни места, и се зајакнува енергетската отпорност на државата. Истовремено, додаде Мицкоски, со развојот на домашни производствени капацитети се намалува зависноста од увоз и влијанието на надворешни ценовни и политички ризици.
Економија
Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат линеарно по 1.000 денари. Премиерот Христијан Мицкоски очекува да бидат изгласани пред да бидат распишани претстојните локални избори.
„Јас веќе најавив дека очекуваме линеарно зголемување на пензиите. Тоа практично го бараат пензионерите од Владата. Тој процент, во согласност со законот, кој треба да се зголеми, да биде линеарно распределен на сите корисници на пензии. Ние тој глас го слушнавме како Влада. Денеска, на седница на Владата би требало да помине предлог-законското решение и веднаш потоа да биде испратено до парламентот. Очекувам парламентот пред распишувањето на локалните избори тоа да го изгласа позитивно“, рече денес премиерот Мицкоски.
По двете линеарни покачувања на пензиите од 2.500 денари, во септември минатата година и во март годинава, беше предвидено наесен пензиите да се зголемат процентуално, односно според растот на инфлацијата и просечната плата, во согласност со системското решение што го воведе претходната власт во 2022 година кога беше предвидено пензиите двапати годишно да се усогласуваат со трошоците за живот.
Според официјалните податоци од Фондот за пензиско осигурување, во земјата има 345.245 пензионери. Најниската пензија, по двете линеарни покачувања, изнесува 18.192, а највисоката надмина 85.000 денари.
Економија
Министерството за финасии ги исплати првата граѓанска обврзница и каматата од 5 отсто за втората година, средствата легнати на сметките на 1.448 граѓани, кои запишаа обврзници

Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница. На сметките на 1448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).
Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 јули 2023 година со рок на достасување од 2 години и каматна стапка од 5% годишно. Каматата на имателите на обврзници се исплаќаше годишно, односно во јули 2024 година, кога беше исплатен износ од 72,4 милиони денари (1,2 милиони евра) и јули 2025 година исто така износ од 72,4 милиони денри (1,2 милиони евра).
Граѓанската обврзница беше воведена како нов иновативен производ наменет за граѓаните, а со цел унапредување на пазарот на државни хартии од вредност. Министерството за финансии во наредниот период предвидува воведување нови финансиски инструменти, вклучително и понуда на инструменти наменети за граѓаните, а целта е зголемување на квалитетот на понудените инструмени и зголемување на базата на инвеститорите.
Имено, Министерството за финансии издаде 2 емисии на граѓански обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра. Втората Граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година во износ од 17,6 милиони евра и доспева во ноември 2025 година.