Свет
Судан го обвинува Џорџ Клуни за подгревање на тензиите

Суданските власти го обвинија актерот Џорџ Клуни, кој неодамна престојуваше во земјата, дека ги поттикнал танзиите пред одржувањето на референдумот за самоопределување на Јужен Судан кој треба да биде спроведен во јануари
Суданската амбасада во Вашингтон го обвинила актерот Џорџ Клуни и челникот на невладината органзиација „Enough“, Џон Прендергаст дека се мешаат во внатрешните работи на Судан и дека ги поттикнуваат „воените тапани“, пренесе AFP. Жителите на покраината Јужен Судан на 9-ти јануари 2011 г. на референдум ќе се изјаснуваат дали сакаат да останат во составот на Судан. Друг референдум ќе биде организран истовремено во Абиеиџи, регион на границата меѓу северот и југот на Судан.Клуни на 12-ти октомври на приемот во Белата куќа ја повика меѓународната заедница да го спречи насилството кое може да го одложи одржувањето на референдумот, што тој и Прендергаст го повторија во интервју за Washington Post.Референдумот во Јужен Судан е дел од мировниот договор склучен по бруталната повеќедецениска граѓанска војна меѓу северот и југот во која животите ги загубија околу милион ипол луѓе.Клуни во 2008 г. беше именуван за Гласник на мирот на Обединетите нации, а и претходно беше активен во полза на со војната опустошениот регион Дарфур и јавно го обвинуваше суданскиот претседател Омар Башир кој инаку е баран за воени злосторства од страна на Меѓународниот кривичен суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Дали знаете зошто папите не ги користат своите вистински имиња за време на службите

Американскиот кардинал Роберт Франсис Превост е избран за 69-ти поглавар на Католичката црква. Тој го избрал Лав XIV како свое папско име.
Но, дали всушност знаете зошто папите ги менуваат своите имиња кога се избрани? Станува збор за – традиција што трае веќе 470 години.
Иако не е задолжително да ги менуваат своите имиња, новоизбраните папи во повеќето случаи го земаат името на својот предок, изразувајќи ја со тоа својата желба да го следат нивниот пример. Овој преседан го постави првиот папа. Свети Петар чие родено име беше Симон. Новото име може да означува и „ново раѓање“ на почетокот на папството.
Со изборот на името Лав, новиот папа им се придружи на 13-те претходници кои го носеа истото име. Меѓу нив е и Лав XIII, познат по својот реформистички дух и неговата енциклика Rerum novarum од 1891 година, во која се нагласуваше човечкото достоинство и достоинството на работата. Свештеникот Кристофер Робинсон од Универзитетот ДеПол истакна дека ова е основата на современото социјално учење на Црквата. „Со изборот на името Лав XIV, тој ја покажува својата посветеност на општественото учење на Црквата кое го зацврстил Лав XIII“, рече свештеникот и експерт за Ватикан Томас Рис.
Папската историја изобилува со примери за такви симболични избори. На пример, папата Франциско, роден како Хорхе Марио Берголјо, го избрал своето име по Свети Франциск Асишки, „човек на сиромаштија, мир и љубов кон творението“, велејќи дека сонува за Црква „која е сиромашна и за сиромашните“.
Последниот папа со името Лав бил Лав XIII, чие вистинско име било Џоакино Винченцо Рафаеле Луиџи Печи.
Свет
Мексико го тужи Гугл за промена на името на Заливот во Американски Залив

Мексико го тужи интернет гигантот Гугл поради промената од Мексиканскиот Залив во Американскиот Залив на неговата услуга „Мапи“, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.
Претседателката го објави ова за време на нејзината дневна прес-конференција, но не сподели многу детали за тужбата. Гугл сè уште не го коментираше случајот.
Во февруари, Гугл го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски за американските корисници на својата услуга „Мапс“ откако американската влада еднострано го преименуваше водно тело. Корисниците надвор од САД ќе ги видат обете имиња.
Европа
Илјадници протестираа во Словачка. „Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва.
Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.
Најголемиот протест се одржа во Братислава. „9 мај е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва. „Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.
Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека неговото патување е за да им оддаде почит на оние што загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.