Македонија
Честитка од премиерот Груевски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците
Премиерот Никола Груевски, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честите до припадниците на бошњачката заедница во Македонија.
Премиерот Никола Груевски, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честите до припадниците на бошњачката заедница во Македонија.
„Овој ден кој го симболизира враќањето на националното име „Бошњак“ и именувањето на Вашиот мајчин јазик како босански јазик е добра можност за да се одбележат културните специфики и вредности на бошњачката етничка заедница во Република Македонија, да потврдиме дека тие вредности за нас претставуваат богатство во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, но и да ја истакнеме цврстата определба за нивно негување, стимулирање и надградба“, се вели во честитката на Груевски.
„Честитајќи Ви го денешниот празник, дозволете ми уште еднаш да ги истакнам нашите заложби за понатамошна интеграција на Бошњаците во македонското општеството и зајакнување на институционалните можности за негување и унапредување на Вашите интереси и културни особености. Сите заедно да продолжиме со спроведувањето на реформите и модернизацијата, со придонесот за развој на економијата и подобрување на стандардот на граѓаните, промоцијата на можностите за културно и образовно напредување, чекорењето по патот на европските и евро-атланските интеграции, и со изградбата на силна, модерна и напредна Република Македонија“, се вели во честитката на Груевски упатена до припадниците на бошњачката заедница. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.

