Свет
Студен бран ја зафати западна Европа
Обилни снежни врнежи и мраз целосно го попречија сообраќајот во Европа, посебно на северот на Велика Британија и во Шкотска, каде изминатата ноќ температурата се спушти на -15
Обилни снежни врнежи и мраз целосно го попречија сообраќајот во Европа, посебно на северот на Велика Британија и во Шкотска, каде изминатата ноќ температурата се спушти на -15 степени под нулата. Аеродромите и училиштата се затворени во регионот на Манчестер, а фудбалските натпревари се откажани бидејќи висината на снежната покривка се искачи до 40 сантиметри. Еден човек загина во судар во вторник вечер на автопатот во Манчестер, соопштија властите. На повеќето аеродроми во земјата откажани се летовите, посебно во Лондон, Лидс, Ливерпул, Глазгов, Единбург и Манчестер. Декември 2009 година беше најстуден во последните 54 години и ситуацијата дополнително ќе се влоши за време на викендот, кога се очекува продор на нова студена маса од Сибир. И други земји од западна Европа се зафатени од студениот бран. Температурата во Германија се спуштија и до -19 степени. Во Франција снег падна во Нормандија, Бретанија и во централните делови, поради што е отежнат сообраќајот. Во Швајцарија поради големите студови воздушниот сообраќај е забавен и летовите кон Франција и Холандија се одвиваат со големи доцнења. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

