Контакт

Вести

'Пријателите на Сирија' се договорија за итна помош на сириските бунтовници

Објавено пред

Западните и арапските и сунитски муслимански земји, коишто сакаат да го тргнат од власт алавитот (шиит) претседател на Сирија, Башар ал-Асад, се договори во саботата во катарската престолнина Доха за итно испраќање помош на сириските сунитски бунтовници кои се борат за соборување на Асад, а помошта, како и досега, би се носела во земјата преку бутовничкото командно тело кое ја ужива поддршката на Западот.

dobivaj vesti na viber

На состанокот во Доха во саботата учествуваа делегации на 11 земји, меѓу кои и министрите за надворешни работи Лорен Фабиус, на Германија Гвидо Вестеравеле, Италија Ема Бонино, на Велика Британија Вилијам Хејг, на Турција, Ахмет Давутоглу и американскиот државен секретар Џон Кери, и нивните колеги од сунитските земји од Персискиот залив кои се основата на групата ткн „Пријатели на Сирија“ се согласија дека треба „итно да се даде целата нужна опрема и материјали на опозицијата на теренот, и тоа секоја земја како што може, за да бунтовниците можат да се спротистават на свирепите напади на режимот и неговите сојузници“.

Како што се очекуваше, Пријателите на Сирија од кои дел од март 2011 година воено ја помагаат сириската воена сунитска опозиција, а Дамаск, како Турција, Саудиска Арабија и Катар, ги обвинува, и дека тие го осмислите и поттикнале конфликтот, „ја осудија „интервенцијата на Хезболах (либанското шиитско движење – з.р.) и борци од Иран и Ирак (со доминатно шиитско население), и побараа нивно повлекување од Сирија.

Герилците од либанската шиитска организација Хезболах, според тврдењата на Западот, го предводеле враќањето под контрола на стратешкиот пограничен град Кусејр кој речиси цела година под контрола го има сунитските борци.

Припадници на Хезболах и вооружени шиитски борци од Иран се борат околу шиитските светилишта Саџид Заинаб јужно од главниот град Дамаск, а се верува дека ирански воени команданти се советници на сириската армија во силната контраофанзива во која сириските сунитски бунтовници претрпеа низа тешки порази.

Министрите за надворешни работи од земјите на групата „Пријатели на Сирија“ велат дека растечката секташка природа на сирискиот судир, на којашто Асад предупредуваше од почетокот, со наводната странска интервенција, „се заканува на единството на Сирија, и се заканува со ширење на судирот во целиот регион. Изразиле и загриженост од сé посилната присутност на „терористички елементи“ и радикализацијата во Сирија, пренесува Reuters.

Главните борбени дејствија во Сирија против властите ги изведуваат ограноците на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, на чијашто страна се борат милитанти до 28 земји, потенцираше уште во февруари т шефот на сириската дипломатија Валид ал-Муалем на прес-конференцијата во Москва по разговорите со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Тоа што се случува во Сирија претставува војна против тероризмот. Еден од ограноците на Ал Каеда ги носи главните борбени операции во Сирија и во Сирија повика милитанти од 28 држави….“, нагласи тогаш сирискиот дипломат.

Најсилната бунтовничка група којашто се бори против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, исламистичкиот Фронт Ал Нусра го губи влијанието и веќе е засенета од порадикалната џихадистичка сила којашто нема намера да застане само на соборувањето на режимот.

Радикалното крило на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда во Ирак во првите моменти во борбата против сирискиот претседател Башар ал-Асад ја поддржуваше Ал Нусра, меѓутоа тоа во последно време ја презема иницијативата и станува повлијателно, тврдат извори од самата Ал Нусра и во другите бунтовнички групи, пишува Reuters.

Во ирачката Ал Каеда има илјадници странски платеници сунити коишто предничат во судирите и ги задаваат најтешките удари на владините безбедносни сили. Нивна крајна цел не е само соборувањето на власта на алавитот (огранок на шиитскиот ислам) Башар ал-Асад, туку да го продолжат џихадот против западните земји што го води лидерот на Ал Каеда, Египќанецот Ајман ал-Завхири, а тоа покажува дека имаат оправдувања претходните предупредувања до западот од Асад и сирискиот судир во кој досега според некои процени загинале околу 90 илјади луѓе, да трае долго и по евентуалниот договор меѓу власта и нејзините противници.

Кон крајот на мај беше објавено дека Албанец од македонскиот град Гостивар загинал во борбите против владината сириска армија, а претходно медуимите објавија вести за убиени Албанци од Косово и од Јужна Србија , во борбата против режимот на претседателот Башар ал-Асад.

Овие вести оставија сомнение дека во Сирија има и други групи од по десетина Албанци, добро вооружени кои војуваат против Асад во Сирија. Кон средината на мај, телевизијата на Федерацијата на БиХ (FTV) повикувајќи се на полициските и разузнавачките агенции од Босна и Херцеговина собрале информации дека досега најмалку 52 државјани на оваа земја се бореле на страна на бунтовниците во Сирија, а досега еден од нив загинал.

Според неименуван полициски извор на телевизијата, од Сирија досега се вратиле 32 исламистички доброволци од Босна и Херцеговина, а во оваа земја во која повеќе до две години беснее граѓанска војна којашто прерасна во меѓуконфесионален судир останале уште дваесетина босански државјани.

Кон крајот на април координаторот на Европската унија за борба против тероризмот, Жил Декершов изјави за дека најмалку петстотини Европејци се борат на страната на сириската вооружена опозиција против силите на претседателот Башар ал-Асад . Се претпоставува дека повеќето од европските борци во Сирија доаѓаат од Велика Британија, Ирска и Франција. Се стравува дека во Сирија во борбите се вклучени неколку десетици лица од регионот на Балканот./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа8 часа

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет12 часа

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет13 часа

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...

Македонија13 часа

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а...

Македонија13 часа

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна...

Македонија14 часа

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...

Македонија15 часа

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага,...

Македонија15 часа

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти...

Македонија16 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски призна, граѓаните се оставени сами, без мерки за високите цени и со најниски плати

„Жалам што вчера премиерот изјави дека нема да се интервенира во цените на производите, вклучувајќи ги и основните прехранбени продукти,“...

Македонија17 часа

Против три лица поднесено обвинение за депониите во „Вардариште“: ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе обвинителен акт против три лица за...

Македонија17 часа

„Дрисла“ сѐ уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата „Вардариште“

На депонијата „Дрисла“ сѐ уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој појасни дека депониите тешко се гаснат со...

Топ17 часа

Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде...

Македонија17 часа

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правело МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме...

Свет18 часа

Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Сѐ уште е во бегство осомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист, кој беше застрелан во вратот додека говореше...

Македонија20 часа

Дождот не помогна многу – чадот од „Дрисла“ и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата „Дрисла“, чиј чад што се чувствува во воздухот во...

Македонија20 часа

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовира својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет21 час

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија21 час

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет22 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...