Свет
Републиканецот Полени ја започна претседателската трка во САД
Републиканецот Тим Поленти денеска ја започна својата кампања за партиска номинација за претседател на САД, со ветување дека ќе ја намали улогата на државата и ќе ги укине популарните федерални социјални програми
Републиканецот Тим Поленти денеска ја започна својата кампања за партиска номинација за претседател на САД, со ветување дека ќе ја намали улогата на државата и ќе ги укине популарните федерални социјални програмиПоранешниот гувернер на сојузната држава Минесота пред насобраните поддржувачи во градот Де Моан најави дека постепено ќе ја качува возраста за пензионирање, ќе ја преуреди програмата за здравствена заштита на постарите лица, „Медикер“, ќе ги замрзне платите на сојузната администрација и ќе ги укине субвенциите за етанолот, горивото кое се произведува од пченица и се додава на бензинот.Започнувајќи ја кампањата во државите кои први ги одржуваат партиските избори, Поленти себе си се претстави како „сериозен човек за сериозни времиња“, кој има храброст на Американците да им ја каже вистината за времињата со кои се соочуваат САД.„Мораме да ја кратиме потрошувачката и тоа на големо. Тешката вистина е дека повеќе нема никакви „свети“ програми“, рече Поленти. Тој призна дека гласачите, можеби, тешко ќе ја прифатат неговата програма, но додава дека се надева оти американската јавност е гладна за претседател кој ќе биде чесен и кој ќе носи тешки одлуки. Во својот говор Поленти тешко го искритикува претседателот Барак Обама и го обвини за високата невработеност , а неговата реформа на здравството „неублажена катастрофа“. Иако е меѓу главните кандидати за републиканската номинација, 50-годишниот Поленти е меѓу најмалку познатите политичари на национално ниво. Дури 50 проценти од републиканските гласачи вели дека никогаш не чуле за него, а во повеќето анкети добива едноцифрена поддршка. „Тој е прифатлив за сите во партијата. Главен проблем е што не е национално познат и што не можеме да држиме чекор со Ромни во прибирањето на средства“, вели поранешниот конгресмен, а сегашен советник на Поленти, Вин Вебер.Противкандидатот на Поленти, Мит Ромни,поранешен гувернер на Масачусетс, кој се кандидираше и на минатите избори но изгуби, овој месец објави дека собрал 10 милиони долари за својата кампања во само еден ден, што е подвиг што ретко кој кандидат може да го повтори. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА
Свет
Либанската влада ги забрани воените активности на Хезболах
Либанската влада денеска ги забрани воените активности на Хезболах, откако организацијата отвори оган врз Израел, наведувајќи дека станува збор за одмазда за убиството на иранскиот врховен водач.
Израел претходно изврши воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут под контрола на Хезболах и врз други делови на Либан, како одговор на напад со дрон и ракети. Според либанското Министерство за здравство, во нападите загинале 31 лице.
По седницата на владата, премиерот Наваф Салам изјави дека државата ги отфрла сите воени дејства што се спроведуваат од либанска територија надвор од легитимните институции. Тој посочи дека активностите на Хезболах се незаконски и дека организацијата треба да го предаде оружјето на либанската држава.
Фото: Depositphotos

