Македонија
Македонија и Србија потпишаа договор за реадмисија меѓу
Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанулоска и нејзиниот српски домаќин Ивица Дачиќ во понеделник во Белград го потпишаа меѓудржавниот договор за реадмисија на лица
Договорот на маргините на дводневната регионална конференција на министрите за внатрешни работи и за правда што денес и утре се одржува во српската престолнина, тематски посветена на – „Јакнењето на регоналната и транснационалната соработка како предуслов за успешната борба против организираниот криминал на подрачјето на југоисточна Европа“, го потпишаа министрите за внатрешни работи на двете земји, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ.Попладнево во работната сесија посветена на трговијата со луѓе и илегалната миграција свое обраќање ќе има и министерката Јанкулоска којашто ќе ги презентира досегашните искуства на македонската полиција во справувањето со овој вид на организиран криминал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, стопирано движењето кај Башино Село
Од утринава, забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар и Гостивар – Стража се укинати, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, а на одредени делови на патиштата се присутни влажни коловози.
Исто така, од Авто мото сојузот потсетуваат дека од вчера сообраќајот е во целосен прекин во близина на Башино Село, кај мостот, и дека овој прекин ќе трае подолг временски период.
Македонија
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Утрово според податоците од УХРМ најстудено беше на Попова Шапка со измерени -6 степени, потоа во Маврови Анови -4, -1 Скопје Петровец, Куманово, Лазарополе, 0 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Тетово, Крушево, Крива Паланка, Прилеп, Виница, 1 Штип, Велес, Берово, 2 Струмица, Демир Капија, Кавадарци, 3 Битола, Охрид, 4 Гевгелија, 5 Претор.
Висината на снежна покривка во 07 часот изнесувала 54 сантиметри на Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 14 Крушево, 5 Лазарополе, 2 Тетово.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Облачно со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на повисоките и на планините со врнежи од снег, пообилни во западните делови. На планините снежната покривка се зголеми, а помала снежна покривка има и во некои пониски места. Дуваше умерен, долж Повардарието засилен северен ветер (наместа над 55 км/час).
Времето денеска
Во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Скопје
До вторник ЈСП Скопје ќе вози по неделен возен ред
Од денеска до вторник возилата ја ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот, информира Јавното сообраќајно претпријатие.
– На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред.
– На ден 7.01.2025 год. (вторник) Божик, ќе се работи по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Зелен пазар.
Жичницата на 4.01.2025 год. (сабота) и 7.01.2025 год. (вторник) Божик ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.