Регион
Ешдаун:Новата британска влада ќе се ангажира околу Балканот
Новата британска влада ќе се ангажира на подрачјето на Балканот и веројатно ќе инсистира на именување на посебен претставник на меѓународната заедница за овој регион.
Новата британска влада ќе се ангажира на подрачјето на Балканот и веројатно ќе инсистира на именување на посебен претставник на меѓународната заедница за овој регион.
Ова за медиумите во БиХ, го изјави поранешниот претставник за Босна и Херцеговина (БиХ), Педи Ешдаун, кој учествуваше во формирањето на новата владејачка коалиција во Британија меѓу Конзервативната и Либерално – Демократска партија.
Според Ешдаун, новиот министер за надворешни работи на Британија Вилијам Хаг, исто го застапува мислењето дека мора да се именува некој кој ќе ги следи случувањата на Балканот.
На прашањето дали тој би прифатил да биде претставникот за Балканот, Ешдаун одговара дека “тоа се уште никој не му го понудил, но доколку се случи ќе размисли“, се вели во интервјуто на Ешдаун за медиумите во БиХ./крај/хи/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Словенија го повика на разговор израелскиот амбасадор: „Израел го ескалира насилството“
Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан кои веќе однесоа повеќе од 500 животи, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Според извори во словенечкото Министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре, пренесува агенцијата СТА.
Како што рече министерката Фајон, се чини дека Либан станува новата Газа, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Таа рече дека Израел го „ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот Брег.
„Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ, истовремено почитувајќи го меѓународното право и, се разбира, Повелбата на Обединетите нации“, најави таа.
Таа, исто така, најави дека наскоро ќе се сретне со либанскиот министер за надворешни работи за да разговара што друго може да се направи.
Франција, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, побара итен состанок на тоа тело денеска откако Израел го започна најсилниот бран воздушни напади против Хезболах во Либан во последните децении, во кои загинаа стотици луѓе, меѓу кои и деца.
Регион
Се преврте воен камион во БиХ, сообраќајот во прекин
Се превртел камион на вооружените сили на Босна и Херцеговина.
„Во несреќата учествувало едно тешко моторно возило. Сообраќајот е целосно во прекин, а едно лице е пренесено за укажување лекарска помош“, изјавија од полицијата.
Повредениот е пренесен во Здравствниот дом „Олово“, а засега не се знае степенот на повредите.
Со оглед на тоа што сообраќајот е целосно во прекин, како што јавуваат читателите на „Кликс.ба“, километарски колони возила се формирани на релација Олово – Сараево.
Регион
Министрите на ЕУ го поддржаа проширувањето со Западен Балкан
Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ, денеска, на седницата на Советот за општи работи на ЕУ, посветена на приоритетите на унгарското претседателство, го поддржаа процесот на проширување на ЕУ заснован на заслуги, вклучително и за Западен Балкан.
Унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока, на седницата, на која ги презентира приоритетите на унгарското претседателство, меѓу кои и конзистентна политика на проширување заснована на заслуги, рече дека проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ.
„Треба да го одржиме овој успех за да се осигураме дека тоа е засновано на заслуги, балансирано и веродостојно. Набргу доаѓа пакетот за проширување. Ги разгледавме земјите од Западен Балкан и изгледите за членство во ЕУ во овој поглед. Без ова, европската заедница не може да биде комплетна“, рече тој.