Свет
Мадоф доби 150 години затвор
Американскиот финансиер Бернард Мадоф е осуден на 150 години затвор од судот во Њујорк, ова е максимална пресуда, побарана за гигантската измама
Американскиот финансиер Бернард Мадоф е осуден на 150 години затвор од судот во Њујорк, ова е максимална пресуда, побарана за гигантската измама од десетици милијарди долари, која однесе многубројни жртви.
Судијата нареди уште Мадоф да плати обештетување од 170 милијарди долари заради незаконско придобивање средства.
Обласниот суд во Њујорк нареди на сопругата на финансиерот, Рут Мадоф да биде одземен имот вреден 85 милиони долари, оставајќи и 2,5 милиони долари во кеш
Мадоф на 12 март призна вина за 11 точки од обвинението, меѓу кои измама, прекршување на заклетва, перење на пари и кражба. Од тогаш тој е во затвор, далеку од комфорот на луксузниот апартман во Менхетн
Измамникот ги уништи жртвите, кои ги загубија своите домови, наследство, животните заштеди во една од најголемите финансиски измами на сите времиња.
Меѓу неговите жртви се холивудски ѕвезди, некои од најпознатите светски банки и еврејски хуманитарни организации, од кои дел мораа да затворат/крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) 6.000 затвореници избегале од затворот во Мозамбик за време на протестите во Мапуто
Најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот во главниот град Мапуто, при што 33 се убиени, а 15 ранети во судири со стражарите. Меѓу избеганите има и 29 осудени терористи, што ги зголемува загриженоста и напорите на властите за враќање на редот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од бегството, а полицијата упати повик за предавање и соработка од јавноста.
Најмалку 6.000 затвореници избегале од Централниот затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде што има ескалација на немирите, соопшти полицијата.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Свет
Перу прогласи вонредна состојба по излевањето на нафта на северот на земјата
Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северниот крајбрежен регион, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд истури пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу, објави Ројтерс.
Нема информација колку сурова нафта се излеа во морето, но чуварот на животната средина на Перу, ОЕФА, во прелиминарниот извештај рече дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет.