Свет
Олмерт предупредува за изолација на Израел
Израелскиот премиер Ехуд Олмерт предупредува на опасност од изолација на Израел, пренесуваат локалните медиуми
Израелскиот премиер Ехуд Олмерт предупредува на опасност од изолација на Израел, пренесуваат локалните медиуми.
Ова според Олмерт е можно да и се случи на земјата, доколку неговиот наследник Бенјамин Нетанјаху продолжи упорно да ја отфрла формулата за два народи во две држави.
Тој потсети дека преговорите со Палестинците се засноваат на принципот за формирање на палестинска држава, покрај постоењето на Израел и предупредува дека секоја израелска влада што ќе го отфрли тој принцип, ќе ја загуби меѓународната подршка.
„Вистинскиот избор е меѓу два народи во две држави или една држава за два народи“, додава Олмерт. /крај/бг/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Откажан е состанокот меѓу Словачка, Украина и ЕК за гасот, Украинците нема да учествуваат
Состанокот на официјални лица од Словачка, Украина и Европската комисија за снабдување со гас планиран за утре е откажан бидејќи Киев нема да учествува, објавија словачките власти. Комисијата бара нов датум за состанокот, објави во соопштение владата на словачкиот премиер Роберт Фицо.
Фицо го обвини Киев дека ја оштетил Словачка со тоа што одлучил да не го обнови договорот за транзит на руски гас низ земјата и се закани дека ќе го прекине протокот на електрична енергија за Украина и ќе ја намали помошта за нејзините бегалци.
Украинските власти одлучија да го прекинат транзитот на гас за да ја лишат Москва од тој приход се додека Русија продолжува да ја напаѓа Украина.
Словачка во меѓувреме договори алтернативни извори и рути на гас. Но, Фицо тврди дека крајот на украинскиот транзит на руски гас за Словачка не само што значи дека таа треба да плати повеќе за снабдување со гас од други извори, туку и губење на сопствениот приход од транзитот.
Фицо го процени трошокот на Словачка на 500 милиони евра и рече дека ќе побара обновување на тековите или обештетување. Словачката влада ги ограничува цените на гасот, па може да се соочи со зголемени трошоци ако плаќа повеќе за гас.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Фицо дека отворил „втор енергетски фронт“ против Украина по налог на Русија.
Свет
(Видео) Огромна зимска бура во САД, петмина загинати, вонредна состојба во голем број држави
Пет лица ги загубија животите во големата зимска бура, која денеска ги зафати централните и источните делови на САД, а милиони жители беа погодени од обилниот снег, кој почна да паѓа и во Њујорк. Невремето кое се движи од центарот на земјата кон крајбрежните држави Делавер, Мериленд и Вирџинија, главниот град Вашингтон и југот на државата Њујорк, предизвика откажување на летови, затворање училишта и сообраќајни несреќи.
Повеќе од 50 милиони луѓе беа погодени, 300.000 се без струја, додека 2.000 летови беа откажани, а илјадници беа одложени, според сајтовите за следење Poweroutage.us и FlightAware.
Улиците на Вашингтон се покриени со снег. На некои места се очекуваат и до 30 сантиметри снег, а во Њујорк почнуваат да се појавуваат првите снегулки, објави Националната метеоролошка служба во најновото соопштение.
Особено се следеа временските услови во Вашингтон, главниот град на САД, каде конгресмените ја потврдија победата на Доналд Трамп на ноемвриските претседателски избори. И двата главни аеродроми во главниот град, откажаа повеќе од 500 летови од 6 часот наутро.
Метеоролошките служби предупредија на очекуваното количество снег, особено во државата Охајо и планинскиот масив Апалачи, каде секое патување може да биде „опасно“ по снежните и замрзнатите патишта.
Гувернерите на Мисури, Вирџинија и Мериленд прогласија вонредна состојба, како и во Кентаки. Се очекуваат температури и до -18°С на места со силен ветер во центарот и истокот од земјата. Научниците велат дека екстремните временски настани стануваат се почести и потешки поради климатските промени предизвикани од човекот.
Свет
(Видео) Камала го прогласи Трамп за победник на изборите: републиканците ги поздравија нејзините зборови со овации
Конгресот на Соединетите Американски Држави и официјално ја потврди победата на новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп на ноемвриските избори над демократската потпретседател Камала Харис, отворајќи го патот за неговата инаугурација на 20 јануари.
Потврдата на изборните резултати во понеделникот, во кои беа вклучени сите 50 држави и округот Колумбија, беше спроведена за време на кратка, формална церемонија на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот.
Со седницата претседаваше Харис, која во улога на потпретседател на САД ја извршуваше функцијата претседател на Сенатот.
Американскиот потпретседател Камала Харис ги објави резултатите од гласањето, наведувајќи дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп добил 312 гласа, додека таа самата добила 226 гласа.
Нејзините најави предизвикаа громогласен аплауз во салата.
Кога ја прогласи победата на Трамп, благо се насмевна додека републиканците се кренаа на нозе и ја поздравија победата со овации.
Харис ги повтори резултатите од гласањето, нагласувајќи дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп освоил 312 гласа, а таа 226 гласа.
Двете најави наидоа на гласно одобрување во салата.