Контакт

Економија

Нов пад на акциите на Вол Стрит

Објавено пред

Акциите на Вол Стрит денеска паднаа откако претседателот на американските Федерални резерви(Фед) Бен Бернанке не сигнализираше за понатамошна акција за поттикнување на американскиот економски раст, разочарувајќи ги инвеститорите.

dobivaj vesti na viber

Акциите на Вол Стрит денеска паднаа откако претседателот на американските Федерални резерви(Фед) Бен Бернанке не сигнализираше за понатамошна акција за поттикнување на американскиот економски раст, разочарувајќи ги инвеститорите.Бернанке во говор на конференција на централната банка во Вајоминг, рече дека Фед е подготвен да ги користи алатките што ги има на располагање за поттикнување на економскиот раст, но не објави никаква нова политика. Надежта во нови поттици придонесе за тридневен раст на акциите на почетокот на неделата, иако подоцна започна распродажбата на акции откако беа намалени очекувањата за интервенција на Фед.Индексот Дов Џонс падна за 107,77 бодови или 0,97 отсто, на 11,042.05 бодови на почетокот на тргувањето на берзата во Њујорк. Поширокиот индекс на Стандард и Пурс500 потона за 8,30 бодови или 0,72 посто, на 1,150.97 бодови. Индексот на технолошки акции Насдак порасна за 7,79 бодови или 0,32 посто, на 2,427.42 бодови.На негативниот тон на берзата влијаеше и претходниот извештај на владата дека економијата во второто тримесечје раснело многу побавно од предвиденото.Акциите на Банк оф Америка добија по 2 посто, достигајќи 7,50 долари, што е најголем раст меѓу 30 акции на индексот Дов Џонс. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

Објавено пред

Скопје, 5 март 2025 „Трајни културни вредности“, настан на Халкбанк, кој на впечатлив и автентичен начин ја негува македонската култура и традиција, е прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024 година, во рамки на манифестацијата „Best Event Awards Macedonia – BEAM“. Станува збор за настан кој се одржа во рамки на поширока иницијатива на Халкбанк, а креативниот и организацискиот потпис е на маркетинг агенцијата Ефектива.

dobivaj vesti na viber

„Трајни културни вредности“ го претвори прекрасниот амбиент на Чифте Амам во храм на македонското културно наследство. Преку совршен микс од храна од речиси сите региони на државата, уметност и мелодиите на Дуке Бојаџиев, гостите имаа можност да отпатуваат назад во времето и со сите сетила да ја почувствуваат македонската традиција.

Гастрономското наследство, покрај на трпезата, беше пресликано и во изложба на графики од шест уметници, инспирирани од боите и вкусовите на најпрепознатливите македонски специјалитети. На настанот беше промовирано исклучително вредното дело „Патување низ гастрономското наследство“ – уметничка книга со ретки рецепти прикажани преку приказни и илустрации од пет македонски реномирани илустратори.

„Оваа награда е прекрасна потврда за целата иницијатива, ангажман и за ентузијазмот кој Халкбанк го вложи во проектот Трајни Културни Вредности, во чии рамки се реализираше и конкретниот настан минатата година. Навистина сме горди на ова признание, а истовремено и благодарни на комисијата на БЕАМ која ги препозна овој настан, целата организација околу истиот, креативноста и неговата вредност. И секако, неизмерно сме благодарни на нашите соработници од агенцијата Ефектива со кои го заживеавме и развиваме проектот Трајни Културни Вредности низ годините,“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.

„Трајни културни вредности“ е иницијатива на Халкбанк започната пред две години, чија главна цел е промоција и зачувување на културното наследство, а ваквите признанија се доказ дека тоа го прави на инспиративен и успешен начин.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Економијата заздравува, буџетот се полни со предвидената динамика, доаѓаат убави времиња за граѓаните

Објавено пред

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ДЗС за раст на БДП, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Да го прокоментираме и растот на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал. Апсолутно тоа се први индикации дека економијата заздравува, дека одиме во правилна насока за помалку, би рекол од три квартала, ја стабилизиравме состојбата во државата, што беше практично и наша примарна цел. Да ја стабилизираме од слободниот пад, а потоа се разбира преку активни политики и домаќински политики, чесно и добро владеење, да успееме да обезбедиме раст на економијата“, кажа Мицкоски.

Во третиот квартал, како што потсети таа била 3%, сега е 3.2%.

Мицкоски очекува ваквиот тренд да продолжи во првиот квартал од оваа година.

„Очекувам уште една убава вест кон крајот на неделата. И мислам дека стратегијата да ја консолидираме, а потоа да ја придвижиме до точка нула и потоа да ја развиваме полека, но сигурно, вродило со плод. Порано од нашите очекувања се стабилизираа состојбите, буџетот се полни со предвидената динамика и ценам дека доаѓаат убави времиња за македонските граѓани.“

Прикажи повеќе...

Економија

Нов рекорд во освоени медали за вината на Tikveš Châteaux & Domaines на годинешниот Mundus Vini во Германија

Објавено пред

На годинешното пролетно издание на еден од најголемите и најпрестижни меѓународни вински натпревари – Mundus Vini Spring Tasting 2025, што се одржa во Германија, вината на „Tikveš Châteaux & Domaines“ поставија нов рекорд, со освоени девет златни и два сребрени медали.

dobivaj vesti na viber

Златен медал на овој реномиран вински натпревар освоија белите премиум вина Domaine Lepovo Chardonnay 2023 и Bela Voda White 2023, како и црвените премиум вина Barovo red 2019, Barovo red 2021, Bela Voda red 2021, Alexandria Cuvee red 2023, Babuna red 2022 и Luda Mara Red Cuvee 2023. Златен медал освои и виното Terrasse a l’Ombre 2022, произведено во винарницата Chateau de Gourdon во Франција. Сребрени медали освоија вината Vranec Luda Mara 2022 и Luda Mara White Cuvee 2024.

„Освоените девет златни и два сребрени медали на еден од најголемите и најценети светски вински натпревари за нас имаат исклучително значење и нѐ прават особено горди. Фактот што тие се освоени во исклучително силна конкуренција од илјадници квалитетни вина кои доаѓаат од најпознатите светски вински региони, ни дава уште поголема мотивација, бидејќи со тоа се истакнува високиот квалитет на нашите вина на светско ниво и се потврдува водечката позиција и високата репутација на ‘Тиквеш’ како најрепрезентативен и најтрофеен производител на автентични премиум вина од нашиот регион“, истакнуваат од „Тиквеш“.

Mundus Vini несомнено е еден од најважните вински натпревари, кој се одржува двапати годишно, во пролетна и летна сесија. Пријавените вина на натпреварот се оценуваат од меѓународно жири, составено од врвни познавачи на виното, познати енолози и сомелиери од 40 земји. Оценувањето на вината се одвива по методот на дегустација „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на вината што ги оценуваат.

Винарската визба „Тиквеш“ редовно учествува на Mundus Vini и на останатите реномирани светски вински натпревари, на кои годишно освојува и по повеќе од 100 медали и признанија. Овие награди не само што ја зацврстуваат репутацијата на вината на „Тиквеш” на интернационалните пазари, туку придонесуваат и за глобалната промоција на македонското вино воопшто и за зголемување на неговата препознатливост во светот.

ПР

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

(Видео) Макрон: Мора да се подготвиме, САД можеби повеќе нема да бидат со Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон  и се обрати на јавноста пред утрешниот самит на Европската унија во Брисел. Макрон утрово на...

Свет1 час

Зеленски: Очекуваме позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела

Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во своето ноќно обраќање, Зеленски...

Свет2 часа

Украина: Договоривме средба со Американците во блиска иднина

Договорена е нова средба помеѓу САД и Украина. „Американско-украинската средба ќе се одржи во блиска иднина“, потврди главниот помошник на...

Топ3 часа

Обвинителството предложи одземање на пасошот за двајцата возачи поради сообраќајката на автопатот Гостивар-Тетово во која загина жена

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за двајцата возачи по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот...

Македонија3 часа

Напаѓачите се осудени, но мотивот омраза не е докажан, oбјави адвокатот на Пендиков

Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени...

Македонија5 часа

Адвокатите на Палчо со уплатница докажуваат дека за време на убиството на Вања тој бил во банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното рочиште за убиствата на Вања...

Македонија6 часа

Мицкоски инспириран да бара уште евтини пари како унгарските поради огромниот интерес: Бизнисот ни е гладен

Бизнис-заедницата покажала интерес за повеќе од 250 милиони евра, пари од унгарскиот кредит, кои Владата ги намени за компаниите во...

Македонија8 часа

Мицкоски не се сретнал со Груевски во Будимпешта, но рече дека набргу и со докази ќе покаже дека функционери од СДСМ и ДУИ се среќавале

Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Будимпешта изминативе денови не се сретнал со избеганиот поранешен премиер од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски....

Македонија10 часа

Запленети 18 килограми сребро, облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки

Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит...

Македонија10 часа

Детето врз кое падна гранка од дрво во Карпош е хоспитализирано и сè уште е под опсервација

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина...

Македонија10 часа

Разрешен Сашо Дранго, кој се фотографира со убиена мечка, на негово место во „Македонијапат“ доаѓа Александар Шуковски

Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонијапат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од...

Македонија10 часа

Аспарагус, папаја, манго, леб за 440 денари за Владата, а народот тоне во сиромаштија, велат од Левицата

Додека платите на работниците не стигаат ниту за покривање на сметките за струја, владиниот врв се гоштева на грбот на...

Топ11 часа

Загина велосипедист: уапсен 26-годишен скопјанец кога со возилото удрил во него

Денеска во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со...

Свет11 часа

Внукот на Де Гол: Украина беше искористена за почнување војна против Русија

Украина ja искористија како инструмент за да предизвикаат војна против Русија, изјави Пјер де Гол, внук на генералот Шарл де...

Македонија12 часа

Министерството за култура не постапува доследно при изборот на директор на Македонската филхармонија, велат вработените

Со последното соопштение на Министерството за култура и туризам, одговорните од оваа државна институција се обидоа да го оправдаат незаконското...

Свет12 часа

(Видео) Трамп му се обрати на Конгресот: „Американскиот сон е незапирлив“

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред двата дома на Конгресот во кој ги презентираше активностите на неговата администрација во...

Регион13 часа

По вчерашните инциденти и тепачки во Собранието на Србија, Брнабиќ со порака до опозицијата: Ако немаат ништо посилно од шок-бомби и солзавец, да не се појавуваат

По вчерашните бурни настани, Собранието на Србија денеска од 10 часот ја продолжува седницата. Пратениците ја завршија принципиелната расправа за...

Свет13 часа

Кина: Ако САД сакаат војна, трговска или која било друга, ќе се бориме до крај

Американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор пред Конгресот. Тој зборуваше цели два часа. Говорот е првото големо обраќање на Трамп...

Свет13 часа

Трамп откри дека Зеленски му испратил писмо: подготвен е за мировни преговори

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во своето обраќање пред Конгресот откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му испратил...

Топ22 часа

Приведен 19-годишниот возач поради несреќата на автопатот кај Тетово во која жена загина на лице место

Приведен е 19-годишен возач, по сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар, во која животот го загуби 81 годишна жена од Охрид,...