Македонија
Кочковска прв претседател на Вишиот управен суд

Судскиот совет на денешната седница пред петнаесетина минути за претседател на новоформираниот Виш управен суд ја избра судија Розалија Кочковска
Судскиот совет на денешната седница пред петнаесетина минути за претседател на новоформираниот Виш управен суд ја избра судија Розалија Кочковска.Кочковска е избрана со 12 гласа “за“ и три “против“. Таа доаѓа од местото претседател на Управниот суд.Судијката Розалија Кочковска во декември 2007 година беше избрана за претседател на тогаш новоформираниот Управен суд. Во Управниот суд дојде од местото судија во Основниот суд Скопје 1, а во 2001 година беше и ВД претседател на кривичниот суд.Правен факултет завршила во 1977 година, а правосудниот испит го положила во 1979 година. Својата кариера ја започнува како приправник и стручен соработник во Окружен стопански суд, потоа била Стручен соработник во Врховен суд за потоа да продолжи во Кривичниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На ГП Богородица се чека 30-ина минути

Од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Македонија
Филков: Советот за следење на реформите во правосудството ќе има задача да алармира кога институциите не ги постигнуваат очекуваните резултати

Денеска, се одржа конститутивна седница на Советот за следење на реформите во правосудството, кој има мандат да ја следи имплементацијата на развојната секторска стратегија за правосудството (2024 – 2028) со акциски план и реформската агенда 2024 – 2027 во делот 5 – Фундаментални вредности/Владеење на правото.
Министерот за правда Игор Филков, кој претседаваше со седницата, рече дека со формирањето единствен Совет за следење на реформите во правосудството, кој го обединува следењето на двата најзначајни документа, ќе се овозможи координативен, ефективен и ефикасен начин на следење.
,,Ќе се постапи по препорака од претходен ревизорски извештај и ќе се избегне формирање паралелни совети со состав од претставници од исти органи, што непотребно би довело до зголемени трошоци, извештаи со разни податоци и трошење на ресурсите и непочитување на начелото на економичност во постапувањето на институциите”, потенцира Филков.
Советот ќе овозможи координиран пристап до преземените мерки и активности во насока на напредокот на државата, ќе обезбеди усогласеност и континуитет на реформите во правосудството и ќе претставува тело што ќе обезбеди транспарентност, континуитет и отчетност во процесот на спроведување на реформите. Ќе има задача да ја следи имплементацијата на реформите, да алармира кога институциите не ги постигнуваат очекуваните резултати и да дава стручни мислења преку своите членови – експерти од правосудството, академијата и граѓанскиот сектор.
Членови на Советот се високи претставници на Владата, правосудните институции, граѓанскиот сектор и докажани експерти.
Македонија
Делегација на Царинската управа во посета на Србија: олеснета трговија, побрз проток и посилна регионална соработка на патот кон ЕУ

Соработката меѓу македонската и српската царинска служба продолжува со конкретни резултати и нови договори за унапредување на заедничкото работење. Во оваа насока се одржа билатерална средба помеѓу директорот на Царинската управа на Македонија, Бобан Николовски и директорот на Царината на Србија Драгиша Петровиќ, заедно со делегации од највисокото раководство од двете страни, информираат од Царинската управа.
На денешната средба во Белград беа потврдени придобивките од досегашните активности – заедничките контроли со едно запирање на граница, взаемното признавање на овластените економски оператори, размената на податоци, како и меѓусебното признавање на белешките од мерење на товарните возила.
Ваквите билатерални средби претставуваат важна алатка за градење стабилни и долгорочни партнерства, како и можност за договор на нови чекори за забрзување на движењето на стоки и побрзи процедури на граница во насока на зголемување на конкурентноста на економиите на двете држави.
Во текот на дискусијата, двете страни се согласија за продлабочување на соработката при имплементацијата на новите царински ИТ системи, како обврска за напредок во процесот на европска интеграција; воспоставување на контакт точки со цел побрза и поефективна размена на оперативни и разузнавачки информации во реално време; дополнително олеснување на царинските постапки во согласност со Акциониот план за Заеднички регионален пазар и постапките во рамки на договорот за контроли со едно застанување на граничниот премин Табановце како и соработка во организирање на заеднички обуки, работилници и консултативни состаноци.
„Нашата цел е јасна – олеснета трговија, побрз проток и посилна регионална соработка на патот кон ЕУ“, истакна директорот Николовски.
Директорот на Царинската управа на Србија, Драгиша Петровиќ, се согласи дека понатамошната соработка помеѓу двете институции ќе придонесе за целокупен напредок на двете држави и регионот.