Свет
Се очекува влошување на ситуацијата во шпанската економија во првиот квартал
Шпанија во четвртокот предупреди дека нејзиното стопанство во првото тримесечје од 2012 година ќе биде намалено по повисока стапка отколку во претходниот квартал и така повторно ќе заврши во рецесија.
Шпанија во четвртокот предупреди дека нејзиното стопанство во првото тримесечје од 2012 година ќе биде намалено по повисока стапка отколку во претходниот квартал и така повторно ќе заврши во рецесија. Оваа неубава прогноза ја изнесе во четвртокот шпанскиот министер за стоапнство Луис де Гуиндос. Шпанското стопанство во последниот квартал од 2011 година забележа пад од 0.3 отсто. „Првиот квартал ќе биде многу тежок, можени и најтежок, во секој случај потежок отколку последниот од минатата година“,. Се надевам, сепак, дека вториот квартал од годинава ќе биде малку помалку лош и дека во втората половина од годината ќе следи стабилизирање“, изјавил Гуиндос за радиото Onda Cero пренесува AFP.Рецесијата најчесто се дефинира како два последователни квартални пада на економските активности. Слабите прогнози на Гуидос се надоврзуваат на исто така темните прогнози за Шпанија коишто во средата ги изнесе премиерот Мариано Рахојо, прогнозирајќи натамошен раст на невработеноста во земјата. Кон крајот на минатата година стапката на невработеност во Шпанија достигна највисоко ниво во последните 17 година од 22,85 отсто, највисока во индустријализираниот свет. Бројот невработени првпат надмина пет милиони луѓе.„За жал, тие податоци нема да се подобрат во краткорочната перспектива. Во 2012 ќе бидат и полоши“, изјави премиерот Рахој која ја презема функцијата во декември. Според прогнозите на шпанската централна банка, стопанството оваа година ќе се намали за 1,5 отсто./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа.
Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

