Македонија
Банкарските клиенти ќе пополнуваат изјава за политичка изложеност
Барањето на банките од клиентите да пополнат формулар за политичка изложеност не е спротивно со законот и е дел од европската регулатива и пракса.
Барањето на банките од клиентите да пополнат формулар за политичка изложеност не е спротивно со законот и е дел од европската регулатива и пракса.
Ова во петокот на брифинг во Скопје го објави Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам (УСППФТ).
Пополнувањето на формуларот за политичка изложеност од страна на клиент при воспоставување на деловен однос со банка се очекува до април 2010 година да стане и редовна законска обврска во Македонија.
Ова е еден од критериумите и стандардите на Европската унија што Македонија треба да ги исполни во своите настојувања за полноправно членство.
Некои банки во Македонија веќе почнаа да ја применуваат оваа пракса, иако уште не е законска обврска.
Од УСППФТ го поздравуваат овој чекор на банките, бидејќи сметаат дека тоа е прашање на деловна политика на банките, а на тој начин подготвени ќе ги дочекаат новите законски измени.
Под политички експонирани личности, согласно постоечки закони, се дефинирани физички лица на кои им била доверена истакната јавна функција во рок од најмалку една година.
Во ова група спаѓаат претседатели, премиери, министри, заменици министри, пратеници, врховни и уставни судии, амбасадори, воени функционери, функционери во јавни претпријатија, како и членовите на нивните фамилии.
Од Управата посочуваат дека во последната година соработката на оваа институција со банките бележи одличен прогрес. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

