Македонија
Почна процесот на акредитација на болниците
Министерот за здравство Бујар Османи денеска го означи процесот на акредитација на болниците во Република Македонија, кој како што рече е еден суштински значаен процес за здравството
„Ова е битен процес за здравството на кој што ние работиме интензивно во последните две години и денеска официјално го започнуваме како таков. Стандардите и критериумите се апликативни и тие се применуваат и ќе треба да ги применуваат здравствените установи. Стандардите се во склад со сите меѓународни организации кои што се компетентни во оваа област“, рече министерот Османи.Османи посочи дека директорите на болниците треба да формираат внатрешна комисија која што постојано ќе ги следи и ќе мониторира и ќе ги спроведува стандардите и критериумите за акредитација, а надворешната комисија потоа ќе ја проследи имплементацијата на овие стандарди со цел да се акредитираат здравствените установи.„Една недела е потребно за да се формираат комисиите кои што ќе почнат да ги мониторираат, контролираат и имплементираат стандардите, а после еден месец почнува со работа и надворешната комисија од Министерство за здравство која ќе ја надгледува работата на внатрешните комисии и на вкупното спроведување на проектот“, посочи Министерот за здравство.Акредитацијата ги опфаќа сите приватни и државни и здравствени установи, кои по исполнувањето на стандардите и критериумите, ќе поднесат барање до Министерството за здравство, во иднина до Агенцијата за акредитација која што ќе биде дел од законските прописи и таа е треба да направи проценка дали се исполнети условите.Доколку бидат исполнети условите здравствената установа ќе биде акредитирана, а пациентите ќе знаат дека имаат можност да се лекуваат во болница каде што има сигурен квалитет на услугите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.