Македонија
Македонското НТШ учествувало во операцијата во Благоевград

Македонскиот државјанин Стојан Крушата, кој денеска беше уапсен на паркингот пред супермаркетот „Метро“ во бугарскиот град Благоевград во голема заедничка операција на блаканските полиции по кодно име „Наглецот“, имал фалсификувана бугарска лична исправа.
Македонскиот државјанин Стојан Крушата, кој денеска беше уапсен на паркингот пред супермаркетот „Метро“ во бугарскиот град Благоевград во голема заедничка операција на блаканските полиции по кодно име „Наглецот“, имал фалсификувана бугарска лична исправа. Како што за „Макфакс“ потврдија од извори од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, станува збор за „многу опасни учесници на меѓународното подземје“. Во текот на целата опареција како и при денешното апсење во Благоевград, според истите извори, активно учествувале припадници на одделот за недозволена трговија со наркотици на македонското МВР. Засега идентитетите на двајцата уапсени во Благоевград, бугарскиот државјанин со прекар Стојан Кравата и македонскиот државјанин именуван како Стојан Крушата, не се објавуваат. Како што дознаваме, македонското МВР според договорот со бугарските колеги, во врска со овој случај со повеќе податоци за самиот тек на операцијата утре ќе излезе на прес-конференција. За учеството на македонската полиција во операцијата на апсењето, како што пренесе агенцијата „Фокус“, бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов изрази благодарност до неговата македонска колешка Гордана Јанкулоска, македонската полиција и другите институции вклучени во спроведувањето на операцијата.Денеска во Благоевград, во специјализирана полициска операција спроведена меѓу посебните полициски служби на македонската и на бугарската полиција, уапсени се бугарски и македонски државјанин кај кои се пронајдени три килограма хероин и 48 илјади евра. Според шефот на бугарското МВР, станува збор за опасна меѓународна криминална група предводена од Стојан Кравата, којашто се занимавала со трговија и распространување на наркотици на териториите на Бугарија, Македонија, Турција, Грција и земји од Западна Европа. Според бугарскиот министер Цветанов, иако Стојан Кравата веќе има пресуди од две судски истанци за трговија со дроги на ефективна затворска казна од 17 години уште од 2005 година, поради тоа што во тек е неговата жалбена постапка до третата судска истанца, тој бил на слобода.. То аисто така како што вели Цветанов, ќе биде предмет на натамошната полициска истрага. Во меѓувреме, во 2007 година во Шпанија се уапсени со хероин двајца бугарски државјани за кои според бугарската полиција, има податоци дека се раководени токму од Стојан Кравата. Во 2009 година, биле откриени 14 килограми хероин во Швајцарија, за што е осомничена истата група, а во 2010 година е спречено распространувањето на 5 килограми хероин од Турција како и на два тона шпиритус од Македонија за бугарскиот град Ќустендил./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Уапсени две лица во Куманово и Тетово за предизвикување на пожар

Денеска во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсија С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност”.
Имено во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви.
Исто така во 20.00 часот на место викано Брест атар на с.Челопек полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.М.(41) од с.Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување на пожар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.
Македонија
Активни се шест пожари во Македонија

Денеска до 18 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои активни се 6 пожари, еден е под контрола и изгаснати 20 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ: 6
1. Општина Македонски Брод 1: Повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума)
2. Општина Македонски Брод 2: с. Девич – с. Грешница (ниска вегетација)
3. Општина Јегуновце: помеѓу селата Рогачево и Јажинце (пасишта)
4. Општина Брвеница: с. Челопек и с. Милетино (нискостеблеста шума)
5. Општина Кичево 1: с. Аранѓел (стрниште)
6. Општина Кичево 2: с. Мало Церско (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА: 1
1. Општина Струга: место викано „Октишка Краста“ (ниска вегетација)
ИЗГАСНАТИ: 20
1. Општина Демир Хисар: с. Мало Илино (дабова шума)
2. Општина Струга 1: место викано „Бегова Шума“, с. Делогожда (ниска вегетација и мешана шума)
3. Општина Делчево: с. Очипала (ѓубриште и ниска вегетација)
4. Општина Куманово 1: ул. Ѓорче Петров (ѓубре)
5. Општина Куманово 2: с. Романовце (ниска вегетација)
6. Општина Куманово 3: кај месна индустрија „Никси“ (ниска вегетација)
7. Општина Куманово 4: нас. Карпош (ниска вегетација)
8. Општина Старо Нагоричане: с. Челопек (ниска вегетација и стрниште)
9. Општина Сарај 2: с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација)
10. Општина Арачиново: с. Арачиново (ниска вегетација)
11. Општина Арачиново 2: с. Орланци (ѓубриште)
12. Општина Сопиште: с. Св. Петка (ниска вегетација)
13. Општина Шуто Оризари: ул. Брсјачка Буна (ѓубриште)
14. Општина Желино: с. Групчин (ниска вегетација)
15. Општина Тетово: с. Селце (ниска вегетација)
16. Општина Тетово 2: кај ресторан „Сирич“ (ѓубриште)
17. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација)
18. Општина Прилеп: с. Дабница (ниска вегетација)
19. Општина Ресен: с. Дрмени (ниска вегетација)
20. Општина Чешиново – Облешево: с. Теранци (ниска вегетација)
Македонија
Големиот пожар кај струшко Октиси ставен под контрола

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, се присутни на терен кај селото Октиси, каде што беше активен голем пожар.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот, иако имал големи размери, е ставен под контрола, но на одредени места сè уште има чадења кои се внимателно следени од екипите на терен.
Во гаснењето дејствува и авион „Ер трактор“ од ДЗС, кој интервенира од воздух, како и шестмина пожарникари и едно противпожарно возило од ТППЕ – Струга, 10 лица од Јавното претпријатие „Македонски шуми“, две возила „Пинцгауер“ од ДЗС и локални жители.
„Благодарение на навремената интервенција, координацијата на сите служби и несебичната помош на локалното население, спречено е ширење на пожарот кон населени места“, велат од ЦУК.