Македонија
М-НАВ ги преполовува платите на невоздухопловниот сектор
Платите на невоздухопловниот сектор во М-НАВ, АД за давање услуги во воздухопловната навигација ќе се намалат за 50, додека останатите вработени остануваат со истите примања
Ова во среда на прес конференција го соопшти Живко Поповски, извршен директор на М-НАВ.Тој додаде дека одлуката не била донесена под притисок на Владата, туку дека имало укажувања и од Владата, но и од Евроконтрол, дека М-НАВ издвојува многу пари од сопствениот буџет за плати, односно дури 76 отсот.„Управниот одбор ја донесе оваа одлука по препораките за усогласување на платите со останатите вработени во јавната администрација“, рече Поповски.Според Беким Незири, финансиски директор во М-НАВ, со ова кастрење на платите годишно ќе се заштедуваат по 600 илјдиевра, кои ќе бидат наменети за развој и за обновување на системот.„Платите во воздухопловниот сектор нема да се намалуваат, бидејќи нивната работа е многу специфична и лично сметам дека нивните плати треба и да се зголемат“, рече Незири, одбивајќи да соопшти колкави плати земаат директорите, но и да покаже некаква препорака од Евроконтрол за намалување на платите.Од М-НАВ немаат став околу најавениот штрајк од страна на Синдикатот, но уверуваат дека и во услови на штрајк, безбедноста на системот ќе остане на највисоко ниво.Од друга страна, Синдикатот на М-НАВ тврди дека на околу 160 работници селективно им се намалуваат платите од 20 до 50 проценти, а Милорад Миловановиќ од Синдикат на воздухопловните техничари изјави дека бил и физички нападнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда.
На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и афирмацијата на главниот град.
На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та дивизија на Народноослободителната македонска војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.
Во борбите за ослободување на Скопје загинале 420 македонски борци, а вкупно за време на Втората светска војна, животите ги положиле над 4.600 скопјани.
Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.
Македонија
„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна дека ИПАРД програмата е суспендирана но ниту презеде одговорност ниту понуди решенија.
„Министерот Трипуновски видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и криминал на неговите најблиски соработници, една од тие и негова посебна советничка“ вели Николовски.
Тој предупредува дека се загрозени 130 милиони евра европски средства, пари што требало да донесат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови работни места.
„Овие пари не се бројка на хартија, тоа се грантови за реални луѓе, за млади земјоделци, за семејства кои вложиле сопствени средства и надеж дека државата и Европа стојат зад нив. Денес се изневерени,“ истакнува Николовски.
Николовски го осуди и нападот на министерот врз претходните успешни програми што создадоа над 4.000 нови мали производители и илјадници семејства кои денес живеат од сопствен труд.
„Наместо да превземе одговорност, министерот нападна и претходни програми кои донесоа реални резултати, тој нападна над 4.000 нови мали производители, нови семејства кои денес живеат од сопствен труд. Програми што беа симбол на успех, сега се цел на безмислени критики.“
Јас денес понудив конкретни решенија, транспарентно и одговорно, за доброто на земјоделците и државата. Тој ги одби и избра да обвинува без никакви докази, додаде Николовски.
„Мојата борба не е против никого лично, туку за секој земјоделец кој денес чувствува дека е изневерен. Нудам помош и конкретни решенија и ќе ги понудам и на неговиот наследник, на секој што мисли добро за државата,“ порачува Николовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.

