Контакт

Општество

Иванов со честитка по повод Денот на албанската азбука

Објавено пред

Одбележувајќи го Денот на албанската азбука во Република Македонија ја потврдуваме определбата за негување на нашето мултиетничко општество и почитувањето на етничките и културни различности, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод Денот на албанската азбука.
 

dobivaj vesti na viber

Одбележувајќи го Денот на албанската азбука во Република Македонија ја потврдуваме определбата за негување на нашето мултиетничко општество и почитувањето на етничките и културни различности, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов по повод Денот на албанската азбука.

 

 

„Прославувањето на 22-ри Ноември значи негување на културните вредности и особености на албанската етничка заедница во Република Македонија. Почитувајќи, зацврстувајќи и унапредувајќи ги меѓусебните односи ние придонесуваме во градењето на  заеднички соживот. Богатството на еден народ се темели врз почитувањето на традицијата, на јазичното и културното наследство кое е јадро што во себе ги содржи минатото, сегашноста и иднината. Уважувајќи ги разликите градиме доверба и разбирање во општество во кое не треба да има предрасуди за етничките, националните и верските разлики“, се вели во честитката на Иванов.

 

„На припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија сакам да им го честитам Денот на албанската азбука, а на сите граѓани, без разлика на верската и етничката припадност во земјава, сакам да им порачам дека само доколку се почитуваме меѓусебно, доколку вистински ги негуваме меѓусебните разлики ќе придонесеме за напредокот и развојот на просперитетна Република Македонија“, потенцира македонскиот претседател./крај/мф/бс

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар

Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци,...

Македонија10 часа

Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство за избор за претседател на Уставниот суд, седницата продолжува утре

Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за избор на претседател на Уставниот суд. „Ниту еден од...

Македонија11 часа

Евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира случувањата во ДУИ

Нема да коментирам внатрешнополитички случувања и изјави на лидери во земјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан од новинарите како ја...

Македонија12 часа

ДУИ навредена од ВМРО-ДПМНЕ: Владата не е нивна играчка

Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека е скандализирана од, како што велат, навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ кој...

Топ13 часа

Малолетник прегазен од автомобил во Скопје: возачот побегнал

Во СВР Скопје синоќа во 21.03 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Хасан Приштина“ и бул.„Словенија“ во Скопје, патничко...

Македонија15 часа

Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања

Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Од општината велат...

Македонија15 часа

Меџити: Три-четворица пратеници од „Европскиот фронт“ ќе бидат дел од новото мнозинство

Првиот човек на Демократското движење – партијата што е дел од коалицијата „Влен“, Изет Меџити, во интервју за „А2 Си-ен-ен“...

Македонија16 часа

Денес избор за претседател на Уставниот суд, ќе се знае кој ќе ја наследи Кацарска

Денеска во 10 часот е закажанa седница за избор за претседател на Уставниот суд. Според член 7 од Деловникот, Уставниот...

Свет16 часа

Лавров: САД и НАТО сакаат да ни кажат дека нема да запрат пред ништо, нашиот потег ќе ги вразуми

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, ја цитира агенцијата РИА изјавата на...

Македонија16 часа

Османи во Прага на неформален НАТО-министерски состанок

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Прага каде ќе учествува на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос

Тринаесетти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од...

Скопје18 часа

Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради изведување на два водоводни приклучоци ф-80мм на улиците Мирче Оровчанец 15...

Македонија1 ден

„Остро ја осудуваме деградирачката реторика, ВМРО-ДПМНЕ да не се однесува како на изборна кампања“, реагира Лога

„Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е...

Македонија1 ден

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата. Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски...

Македонија1 ден

ВЛЕН: Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието

„За новата влада на Република Северна Македонија преговараат и новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот...

Македонија1 ден

Општина Карпош: Не користите ги услугите на лунапаркот, кој е монтиран без безбедносните сертификати, а нема ни одобрение за работа

Општина Карпош објави дека за разлика од другите надлежни институции, иако има минимални надлежности, води постапка против дивопоставениот лунапарк кај...

Македонија1 ден

Ахмети: Неприфатливо е коалицијата што освоила помал број мандати да стане дел од владата

Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во име на „Европскиот фронт“ ги обвини албанските политички субјекти, кои...

Македонија1 ден

Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и...

Македонија1 ден

Дневницата на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150 до 200 евра, уверува Шокаровски

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија државата не ги плаќа 700 евра дневно,...

Топ2 дена

Со мотоцикли прегазени тројца пешаци во Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор

Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата. Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во...