Македонија
Македонските студенти бараат бесплатно студирање

Македонските студенти за в четврток најавуваат протест пред ректоратот на скопскиот Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде ќе ги искажат своите
Македонските студенти за в четврток најавуваат протест пред ректоратот на скопскиот Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде ќе ги искажат своите барања и незадоволства од начинот на студирање.
Неформална група студенти од скопскиот универзитет вечерва ќе организира трибина „Слободен Индекс“, на која ќе бидат претставени барањата и целите на студентскиот протест.
Според најавите, главни точки на дискусија на трибината ќе бидат укинување на партиципацијата за студентите во државната квота, нискиот социјален стандард на студентите и негрижата на Универзитетот, лошите услови на студентските домови, непостоењето на студентските медиуми.
На трибината ќе се дискутира и за проблемите и кршењето на правата на студентите на државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и за подигање на свеста на студентите при државните универзитети.
Меѓу другото, ќе стане збор и за неправилното спроведување на Болоњската ЕКТС конвенција, студентско организирање, односно нефункционирањето на Студентскиот парламент на Универзитетот.
Студентите во Хрватска веќе еден месец протестираат со барање студирањето на државните универзитети да биде бесплатно. Тие зазедоа поголем дел од факултетите во Загреб и во останатите градови ширум земјата каде е прекината наставата, при што добија поддршка и од деканите на некои факултети.
Студентите во саботата одржаа масовен протест во Загреб, истакнувајќи дека протестот нема политички карактер, туку има за цел да ги заштити правата на студентите. /крај/со/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)