Свет
Најдобар претседател на САД би бил робот, убеден е Кастро
Најдобар претседател на САД би можел да биде робот способен да управува држава, саркастично забележува лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро во неговата нова статија објавена во кубанските медиуми ноќта кон понеделникот.
Најдобар претседател на САД би можел да биде робот способен да управува држава, саркастично забележува лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро во неговата нова статија објавена во кубанските медиуми ноќта кон понеделникот.„Сигурен сум дека 90 отсто од Американците со право на глас, особено хиспанофоните, црнците и поголем дел од средната класа и сиромашните луѓе – би гласале за робот“, пишува Кастро во написот објавен под наслов „Најдобриот претседател на САД“.Пред извесно време Фидел Кастро објави напис во кој уште еднаш го повика човештвото да се соочи со две глобални закани – заканата од нуклеарна војна и опасноста од климатските промени.Во овој напис, лидерот на кубанската револуција ги коментира неодамнешните написи во печатот за информациите за создадениот ултра-тенок електричен кабел, кој е десет илјади пати потенок од човечката коса.„Кога станува збор за овие научни достигнувања, коишто треба да послужат за добробит на човештвотот, јас си споменувам за тоа што беше напишано четири дена претходно за глобалното затоплување“, пишува Кастро.„Јас се помислив како да се толкуваат зборовите на Обама, за кого во очајничкиот обид да го достигне сонот на (Мартин) Лутер Кинг, тие се покажуваа подалечни од најблиската планета на којашто има живот“, продолжува Кастро.„Ситуацијата е уште полоша – кој и да е конгресмен на републиканците кој може да победи на претседателските избори, и шефот или шефицата на Ти Парти, имаат повеќе нуклеарни бомби на своите плеќи, отколку мировни планови во нивните глави“, пишува легендарниот кубански водач.„Зарем не е очигледно дека најлошо од сé е отсуството на робот во Белата куќа, способен да управува со САД и да се спречи војна која се заканува да стави крај на нашите животи?“, саркастично ја завршува статијата Кастро.Во поголемиот дел од своите последни написи, Фидел Кастро изразува загриженост од ситуацијата во светот, повикувајќи ги политичарите да изнајдат решенија за проблемите, како што се зголемувањето на цените на храната, климатските промени, опасноста од нуклеарна војна и нејзината последица „нуклеарна зима“.Лидерот на кубанската револуција повеќепати изјави дека „на човечкиот род му се заканува реална опасност од исчезнување“, притоа изразувајќи уверување дека „човештвото ќе најде сили да се спаси“./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

