Македонија
Од 350 до 400 евра за оперирање на катаракта со најнови методи

Најновата метода на оперирање катаракта со ултразвук, за која се користат таканаречени свитливите леќи, граѓаните ќе ги чини меѓу 350- 400 евра бидејќи болницата во моментот има нова опрема, но стари леќи кои се користат за класична операција на катаракта.
Најновата метода на оперирање катаракта со ултразвук, за која се користат таканаречени свитливите леќи, граѓаните ќе ги чини меѓу 350- 400 евра бидејќи болницата во моментот има нова опрема, но стари леќи кои се користат за класична операција на катаракта.
За ова информираше офтамологот др. Наум Трпеновски, кој успешно спроведе вакви операции во новата Градска болница „8 Септември“.
Хоспитализацијата и операцијата чинат 1.700 денари, но леќите пациентот засега мора да си ги обезбеди сам, бидејќи, како што кажа Тренковски, сè уште траат преговорите со Фондорт за здравство, по што ќе се распише тендер за набавка.
„Цената која Фондот ја плаќа на клиниките каде се прават операциите е нереална и е 15.000 денари, а во таа цена 12.000 денари се само нашите придружни услуги без леќи. Се работи за материјали за една употреба, со кои добиваме огромен стерилитет. Фондот мора да ни излезе во пресрет и да нè изедначи со околните земји каде за ваква операција префрлаат од 500 до 570 евра. Ние би биле задоволни и кога таа цена од 500 евра би ја прифатил Фондот со оглед дека таа операција во приватното здравство се наплаќа по 800 до 1.000 евра“ додаде Тренковски.
Министерот за здравство Бујар Османи, кој денеска го посети очното одделение во новата Градска болница „8 Септември“, информираше дека набавената офтамолошка опрема која чинела 3 милиони евра ќе биде поделена во офтамолошките одделенија кои се поделени на четири нивоа.
На четврто ниво се основните одделенија кои ќе вршат само основни офтамолошки услови.
На прво ниво се Очната клиника во Скопје, новата Градска општа болница, а на второ ниво се Клиничките болници од Битола, Тетово и Штип кои ќе ја добијат најсовремената офтамолошка апаратура.
„Носењето на најсовремената опрема ќе биде отскочна даска за офтамологијатакоја е во статус кво“, рече Османи.
Операцијата на катаракта со ултразвук е минимално офанзивна, со рез од 2,8 милиметри и нема потреба од чекање да созрее леќата туку се презема оперативен зафат веднаш по појавувањето на проблемите а операцијата е едноднодневна/крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Меѓусебната заштита на Коцевски со СДС и ДУИ е причина за 2% доверба во судството

СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Клиентелизмот на Коцевски е гаранција за заштита и неказнивост на функционерите од СДС и ДУИ.
Поддршката што Коцевски ја доби од Филипче е меѓусебна заштита која ја гуши правдата во државата. Бидејќи доколку падне Коцевски, ќе се отворат врати за истраги како против Филипче така и за останатите функционери од СДС и ДУИ.
СДС со негласањето на интерпелацијата целосно се разголи, и на виделина пред јавноста излезе спрегата помеѓу СДС, ДУИ и Коцевски.
Очигледно е дека СДС и ДУИ стојат зад заштитата на Коцевски, кој за возврат не презема ништо за наводните злоупотреби и сомнежи за висоока корупција како и сомнителни тендери поврзани со Филипче, Заев и Ахмети.
Со одбивањето да ја поддржат интерпелацијата, СДС и ДУИ јасно покажаа кој го поставал Коцевски и кој го одржува на функцијата, јавниот обвинител Коцевски.
Се додека Коцевски е на позицијата, довербата во правосудството ќе биде помала од 2%, а одговорност за криминалите поврзани со СДС и ДУИ нема да има.
Доколку постои грам морална одговорност кај Коцевски, треба да ја препознае пораката од јавноста и да си поднесе оставка.
На Македонија и се неопходни темелни реформи во судството, правосудство растеретено од политички влијанија каде судиите и обвинителите ќе носат одлука врз основа на законите и Уставот а не под влијание на партиските интереси на СДС и ДУИ.
Во Македонија неопходно е правдата да завладее, неопходни се коренити реформи и трансформација на судскиот систем“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а максималните од 26 до 36 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната дневна ќе достигне 36 степени.
Македонија
Бендевска: Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, одбележа 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„На хероите на двата Илиндена кои се жртвуваа за денес да можеме да бидеме свои на своето, да им ветиме уште еднаш дека денешните генерации нема да го заборават заветот што ни го оставија. Да ги насочиме нашите погледи, стремежи и напори од заедничкото минато, кон заедничката сегашност и иднина. Да го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ“ – порача потпретседателката Бендевска.