Македонија
Амбасадорот на Исланд ги предаде акредитивите

Македонскиот министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Исланд за Република Македонија, Стефан Скјалдарсон.
Македонскиот министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Исланд за Република Македонија, Стефан Скјалдарсон.
Како што соопшти денеска МНР, на средбата бил поздравен позитивниот развој на односите меѓу двете држави, а бил нагласен интересот на македонската влада на за натамошно унапредување на соработката во сите области од заеднички интерес.
„Посебно беше нагласена важноста на континуираната исландска поддршка на нашата земја за прием во полноправно членство во НАТО, како и продлабочувањето на натамошната соработка во процесот на евро-интеграциите и размената на искуства во текот на претпристапните преговори со Унијата, што Република Исланд и официјално ги почна на 27 јули годинава“, се наведува во соопштението.
Двајцата соговорници изразиле уверување дека владите на Македонија и на Исланд ќе работат на развивање и интензивирање на дијалогот и соработката во доменот на економската односи и трговската размена, културата и образованието.
Притоа од страна на министерот Милошевски била повторена отворената покана за остварување на официјална посета на исландскиот министер за надворешни работи, Осур Скарпединсон, на Република Македонија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Поради незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.