Свет
Нигерија по втор пат на избори
Граѓаните на Нигерија денеска ќе излезат по втор пат на избори, откако изборната комисија поради проблеми со организација донесе одлука да ги одложи изборите од минатата сабота.
Граѓаните на Нигерија денеска ќе излезат по втор пат на избори, откако изборната комисија поради проблеми со организација донесе одлука да ги одложи изборите од минатата сабота.Комисијата објаснила дека избирачките материјали не стигнале до сите изборни единици вклучително и во главниот град, Абуја, како и во неколку сојузни држави во делтата на Нил на југот, како и во централниот и североисточниот дел од земјата па изборите не можеа да се одржат минатата сабота, иако гласачите веќе почнаа да се собираат пред гласачките места.Се очекува изборите да и помогнат на земјата конечно да прекине со праксата на хаотични избори кои ги следат наместени резултати и насилство. На парламентарните избори владејачката Народна демократска партија би требала да го задржи мнозинството во сојузниот парламент, но и да изгуби некои од регионите.Етнички сложената држава од 250 различни ентитети, Нигерија е поделена на главно муслиманскиот север и христијанскиот југ. Нигерија е втора по големина економија во субсахарска Африка и најголем извозник на сирова нафта како и седма во светот по залихите на природен гас.Странските дипломати се надеваат дека изборите ќе бидат чесни и веродостојни, за разлика од 2007 година, што е многу важно за меѓународната заедница бидејќи никој не сака уште едно жариште како во Либија или во Брегот на Слоновата Коска./крај/хи/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) „Мажот ја навредувал и изневерувал“ – Обвинителството во Албанија со детали за мајката што скокна во река со своите деца
Обвинителството на Основниот суд од општа надлежност во Скадар во комуникација до медиумите изнесе повеќе детали за трагедијата во семејството Арази во албанскиот град Скадар, каде досега се пронајдени телата на две деца, додека потрагата по телото на мајката и третото дете продолжува.
„До оваа фаза се утврдени сомнежи врз основа на докази дека државјанин Е.А., како последица на континуирано психичко насилство врз неговата сопруга, манифестирано во форма на континуирани навреди и прељуба, тешко нарушувајќи го нејзиното достоинство, го предизвикал самоубиството на А.А., за која се сомнева дека во тешка психичка состојба, се фрлила во реката заедно со трите малолетни деца“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Алма Арази (39) со трите деца скокна во студената река.
Телото на најстарото девојче било пронајдено вчера во реката, додека телото на второто денеска.
Во потрагата учествува и рибарот кој вчера пронашол едно од девојчињата и кој рекол дека потрагата е многу комплицирана.
По страшната трагедија, нејзиниот сопруг е уапсен и обвинет за семејно насилство и предизвикување самоубиство.
Новинарот на „Еуроњуз Албанија“ рече дека за време на сведочењето дадено во полиција, 39-годишниот сопруг Ергис Арази се појавил многу ладен за време на испрашувањето, не покажал никакви емоции и ги отфрлил обвинувањата дека ја малтретирал сопругата или другите деца.
Тој рече дека парот бил во стабилна економска ситуација, претходно живеел во Италија и Германија, а неодамна се преселил во Скадар.
Арази, откако неговото семејство било пријавено за исчезнато, два дена подоцна бил виден во кафуле со пријателите и наводно воопшто не бил вознемирен, наведува „Voxnews.al“, повикувајќи се на изјавите на неговите пријатели.
Како што рекоа, тој бил сосема мирен.
Семејството на Ергис тврди дека тој никогаш не би им наштетил. Тие тврдат дека парот имал проблеми меѓу себе, но дека Ергис Арази не бил насилник.
„Ги обожаваше децата. Тој никогаш не би им наштетил. Работеше цел ден во сервис за мобилни телефони за да ги испрати во приватно училиште. Можеби имал проблеми со сопругата, но таа никогаш не требало да им го прави тоа на децата. Тоа нема да и го простиме“, рекле тие.
Свет
Хамас: Се согласивме на прекин на огнот
Хамас објави соопштение дека го прифаќа египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.
Во соопштението се наведува дека нејзиниот врховен лидер Исмаил Ханије ја пренел веста во телефонски разговор со катарскиот премиер и египетскиот министер за разузнавање.
Двете земји посредуваат во повеќемесечните разговори меѓу Израел и Хамас. Сè уште нема коментари од Израел.
Претходно денеска Израел најави офанзива насочена кон Рафах, најјужниот град Газа. Повеќе од милион жители се засолниле во градот поради судирите во другите делови на Појасот Газа.
Предлогот не е објавен во јавноста, но првата фаза, наводно, бара 33 живи заложници: жени, деца, стари лица и болни да бидат ослободени за време на 40-дневното примирје, во замена за стотици палестински затвореници.
Свет
Русија и’ се закани на Велика Британија
Русија за прв пат официјално и се закани на Британија со напади на нејзина територија.
„Доколку Украина ги користи ракетите доставени од Велика Британија за да ја нападне Русија, тоа може да резултира со руски напади врз воени цели во Велика Британија и надвор од Украина“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Британскиот амбасадор Најџел Кејси беше повикан во руското Министерство за надворешни работи на официјална протестна нота откако британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон изјави дека Украина има право да користи британско оружје за напад на руска територија. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека изјавата на Камерон значи дека Британија практично признала дека е учесник во војната во Украина.
„Кејси беше предупреден дека како одговор на украинските напади на руска територија со британско оружје, сите британски воени инсталации и опрема на територијата на Украина и во странство би можеле да станат цели“, се вели во соопштението.
„Амбасадорот е поканет да размисли за неизбежните катастрофални последици од ваквите непријателски потези на Лондон и веднаш да ги отфрли воинствените и провокативни изјави на министерот за надворешни работи на дециден и недвосмислен начин“, пишуваат од Министерството.
Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон минатата недела изјави дека Украина треба да одлучи како да користи британско оружје и нагласи дека Киев има право да гаѓа цели на руска територија.
За време на посетата на Киев, тој рече дека Британија ќе и дава на Украина 3 милијарди фунти (околу 3,5 милијарди евра) годишно, колку што е потребно. „Исто како што Русија напаѓа внатре во Украина, можете да разберете зошто Украина чувствува потреба да ја обезбеди својата одбрана“, рече Камерон.
Шефот на британската дипломатија, кој се сретна со претседателот Володимир Зеленски во Киев, рече дека Русија започна напад врз Украина и Украина има „апсолутно право да возврати на Русија“.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во петокот изјави дека изјавите на британскиот министер за надворешни работи се признание дека Западот води војна против Русија користејќи „украински раце“.
„Зборовите на Камерон се уште еден доказ за хибридната војна што Западот ја води против нашата земја“, рече Захарова.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека ова е директна ескалација на тензиите околу украинскиот конфликт, што потенцијално претставува закана за европската безбедност.