Контакт

Свет

САД ја затворија амбасадата во Дамаск

Објавено пред

САД ја затвориле својата амбасада во Сирија поради влошената ситуација во Дамаск и одбивањето на сириските власти да ги зајакнат мерките за безбедност, CNN повикувајќи се на сопствени извори во дипломатските кругови.

dobivaj vesti na viber

САД ја затвориле својата амбасада во Сирија поради  влошената ситуација во Дамаск и одбивањето на сириските власти да ги зајакнат мерките за безбедност, CNN повикувајќи се на сопствени извори во дипломатските кругови.Целиот персонал на американската амбасада, според информацијата, се повикани да се вратат во земјата.Стејт департментот на САД на 21-ви јануари објави  дека не ја исклучува можноста за затворање на својата дипломатска мисија во Дамаск поради влошената ситуација во оваа земја. Американската влада, исто така, побара од сириската влада да преземе дополнителни мерки за заштита на амбасадата.САД во неколку наврати го намали бројот на персоналот на својата амбасада во Дамаск поради безбедносни причини. Стејт департментот ги повика американските граѓани да ги избегнуваат патувањата Сирија, а од Американците кои веќе се наоѓаат на нејзината територија веднаш да ја напуштат земјата.Во Сирија, речиси една година не запираат анти-владините протести. Секојдневни се извештаите за десетици судири меѓу цивили и униформирани лица. Според извештајот на Обединетите нации, во 11-те месеци судири меѓу регуларните сили и одметнатите војници и опозициските групи загинале околу шест илјади луѓе. Властите на претседателот Башар ал-Асад против кого избија протестите кои преминаа во вооружени судири, тврди дека бројот жртви е околу 2.500, претежно припадници на полицијата и војската кои се напаѓани од „терористички групи оркестрирани однадвор“./крај/цнн/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Поранешниот шеф на НАТО: Освојувањето на Гренланд би значело крај на светскиот поредок

Објавено пред

Насилното преземање на Гренланд од страна на САД би значело „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, изјави поранешниот генерален секретар на НАТО и поранешен дански премиер Андерс Фог Расмусен, пренесува „Фајненшел тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Расмусен го спореди јазикот што го користи Доналд Трамп за Гренланд со јазикот на „гангстери“ во Русија и Кина, кои САД, според него, би требало да се обидат да ги контролираат.

„За мене тоа беше болен процес. Од детството ги сметав САД за природен водач на слободниот свет. Дури зборував за САД како за светски полицаец“, изјави Расмусен, кој испратил дански трупи да се борат заедно со САД во Авганистан.

„Сега гледаме дека САД користат јазик што е прилично сличен на гангстерите што треба да ги контролираат – во Москва, Пекинг итн.“, додаде тој.

Расмусен исто така предупреди дека ваквите поделби на Запад му одат во прилог на Кремљ.

„Убеден сум дека Москва се надева Гренланд да стане санта мраз што ќе го потопи НАТО“, рече тој, заклучувајќи: „Значи, ова е прашање што оди подалеку од Данска и Гренланд… Освојувањето на Гренланд би било крај на светскиот поредок каков што го познаваме.“

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Подот попуштил за време на забава: се урна цел кат од зграда во Париз, има повредени

Објавено пред

Петтиот кат на станбена зграда во 11. арондисман во Париз се урнал во текот на изминатата ноќ врз четвртиот кат од истата зграда, во момент кога околу педесет лица биле собрани на забава во станот чиј под се урнал, при што 20 лица биле повредени, соопшти противпожарната бригада во француската престолнина.

dobivaj vesti na viber

При уривањето на катот од зградата, кое се случило кога подот на приватен стан на петтиот кат се урнал за време на прослава, едно лице било тешко повредено и доживеало срцев застој, а 19 лица се здобиле со полесни повреди, пренесе телевизијата „БФМ“.

Пожарникарите од урнатините ги извлекле сите повредени, од кои итните служби пренеле 16 лица во болница.

Противпожарната бригада била известена во 00:20 часот дека петтиот кат од зградата со шест ката, на адреса улица Амело број 34, се урнал врз четвртиот кат.

По инцидентот, зградата, заедно со уште две соседни згради, била евакуирана, но станарите од двете соседни згради во текот на ноќта се вратиле во своите станови. Во интервенцијата учествувале 125 пожарникари и околу 40 возила.

Фото: илустрација

Прикажи повеќе...

Свет

Педро Санчес: Американска инвазија на Гренланд би го направила Путин најсреќниот човек на светот

Објавено пред

Шпанскиот премиер, Педро Санчес, изјави дека евентуална американска инвазија на Гренланд би го направила рускиот претседател Владимир Путин најсреќниот човек на светот.

dobivaj vesti na viber

„Ако се фокусираме на Гренланд, морам да кажам дека американска инвазија на таа територија би го направила Владимир Путин најсреќниот човек на светот. Зошто? Затоа што би го легитимизирала неговиот обид за инвазија на Украина“, рече Санчес во интервју за весникот „Вангардија“, пренесе „Ројтерс“.

Санчес оцени дека секоја воена акција на Соединетите Американски Држави против островот, кој е данска автономна територија, би му наштетила на НАТО и би ја легитимизирала руската инвазија на Украина.

„Ако Соединетите Држави употребат сила, тоа би била смртна пресуда за НАТО. Путин би бил двојно среќен“, заклучи Санчес.

Американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати изјави дека нема да се задоволи со ништо помалку од сопственост над Гренланд, додека лидерите и на Данска и на Гренланд одговорија дека островот не е на продажба и дека не сака да биде дел од САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Поранешниот шеф на НАТО: Освојувањето на Гренланд би значело крај на светскиот поредок

Насилното преземање на Гренланд од страна на САД би значело „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, изјави поранешниот...

Македонија3 часа

Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата

Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција...

Свет3 часа

(Видео) Поплави во Австралија, евакуации во Сиднеј

Австралиските власти соопштија дека 20 лица се спасени од надојдени води во источната сојузна држава Нов Јужен Велс, поради обилните...

Македонија4 часа

Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково...

Свет4 часа

„Политико“ Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор со САД поради најавата за царини и барањата за Гренланд

Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царини...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија22 часа

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија22 часа

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ24 часа

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија1 ден

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет1 ден

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет1 ден

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт2 дена

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет2 дена

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет2 дена

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија2 дена

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија2 дена

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија2 дена

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија2 дена

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет2 дена

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...