Македонија
ТУК: Ќе се бориме за менување на Законот за забрана на пушење

Трговско-угостителската комора(ТУК) поддржана и од јавни личности и порача на власта дека ќе се борат против Законот за забрана од пушење, се додека не издејствуваат измени во овој закон.
Трговско-угостителската комора(ТУК) поддржана и од јавни личности и порача на власта дека ќе се борат против Законот за забрана од пушење, се додека не издејствуваат измени во овој закон.
По два месеци од спроведувањето на законот, се соочуваат со намален промет, испуштање на работници и затворање на објекти. Тие не го прифаќаат предлогот за измени на Законот ниту од власта, ниту од опозицијата.
Сметаат дека со предлогот на парламентарното мнозинство ќе се затворат сите објекти кои немаат летни тераси.
„Доаѓаме до една ситуација во која тие што немаат тераси, може уште утре да затворат. Очигледно е дека сите гости ќе ги посетуваат тие објекти каде што има тераси, ќе се соочиме со правење тераси на тротоари, со молење на општинските институции да дозволуваат тераси на тротоари, на паркинг места, додека тие објекти што немаат тераси немаат излез од проблемот“ изјави Огнен Циговски, Претседател на ТУК .
„Очекуваното намалување на средства слеани во проектираниот буџет за 2010 би изнесувале за околу 38 проценти помалку од лани“ смета Феркан Бербери од ТУК.
Познатиот водител, Сашо Мацановски – Трендо иронично коментира дека законот му овозможил да запознае места во Скопје кои досега ги немал посетено.
„Тоа се оние места каде луѓето се навикнати да даваат отпор кон глупавите закони. Таму се случуваат интересни дружби, мешавини, јас сум седел и со градоначалници, со владини службеници“ вели Трендо.
И Сојузот на стопански комори (ССК) против Законот за забрана на пушење.
„Македонија во својата кампања се рекламира како земја на задоволство. Ние немаме долго лето или долга зима, нам како туристичка дестинација, главниот момент ни е уживање во природата и добродушноста на македонскиот народ“ вели Златко Калеников, претседател на ССК.
Според Калеников, државата прави еден парадокс во стратегијата на самиот туризам во државата.Од ТУК најавија дека на некој од следните состаноци може да биде донесена одлука и за колективно непочитување на Законот за забрана на пушењето.
Угостителите доставија предлог до власта, во кафулињата да има простор за пушачи најмногу до 50 отсто од капацитетот наменет за гости.
Доколку локалот е помал од 100 метри квадратни, сопственикот да одлучи дали ќе биде за пушачи или не. Сопственици на дискотеки, казина сами да одлучат дали пушењето ќе биде дозволено./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)
Македонија
Претежно сончево, кон крајот на денот со зголемена облачност

Времето денеска, претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Додека Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, велат од СДСМ

Според СДСМ, она што се случува деновиве покажува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што e неспособна туку е во целосна конфузија.
Според оваа партија, додека премиерот Христијан Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, ја префрла вината врз граѓаните кои живеат покрај депониите.
„Јасно како ден е дека „хибридниот напад од странски центри“ е смешно алиби за неспособноста на Мицкоски и неговата влада. Мицкоски глуми жртва секој пат кога е фатен во неспособност да одговори на проблемите.
За овие 15 месеци имавме 5 различни и измислени сценарија, за дестабилзаиција, за странски служби, за дронови, за следење на премиерот и сега еве хибридни напади од надворешни центри на моќ.
Неспособност не може да се покрие со изговори, таа се гледа и граѓаните многу добро ја знаат затоа што ја плаќаат со најважното нешто, нивното здравје“.
Од оваа власт, додаваат од СДСМ, не видовме ниту едно решение за ниту еден проблем, затоа се изговорите.
„Резултатот на владата на Мицкоски е катастрофален: депониите горaт, воздухот не се дише, канцерогените материи се зголемуваат, а институциите се парализирани од лагите и изговорите на власта“.