Македонија
Пукање во Мичурин
Жителите на зграда во скопската населба Мичурин синоќа биле заложници на вооружен маж кој со автоматска пушка стрелал во влезот на зградата, информираат од МВР
Повредени во тешкиот инцидентот нема. Од пукањето се оштетени вратите на неколку станови на петтиот и шестиот кат каде се пронајдени повеќе чаури испукани од автоматска пушка и една рамка од автоматска пушка, наведува МВР.Мажот на возраст од околу педесетина година синоќа почнал да пука со автоматот во влезот од зградата во населбата Мичурин и во влезните врати на становите, поради што жителите од зградата не смееле да ги напуштат своите домови. Дивеењето интензивно траело околу половина час. Рафалите почнале околу 2 часот, а кулминацијата била некаде околу 3.30 часот.Според очевидци, мажот пукајќи успеал да разбие влезна врата на еден од становите, што за среќа во моментот бил празен. Полицајци по дојава од жителите успеале да го совладаат мажот и да го уапсат.Полицијата информира дека кај напаѓачот се констатирани 1,39 промили присуство на алкохол во крвта. По пријавата на настанот, на 56-годишниот Милан Николовски му е одземена автоматската пушка во чија цевка и за време на лишувањето од слобода имало еден куршум, потоа, една рамка со 32 куршуми калибар 7,62 мм и еден нож-кама кој му бил врзан околу ногата.Човекот според сведоците живеел сам во зградата во која се случил тешкиот инцидент.Полицијата додека траела заложничката драма по телефон ги советувала жителите на зградата да се засолнат во своите станови, додека да стигне помош, која успеала да го разоружа и приведе.Претходно Николовски со автоматски пиштол стрелал недалеку од неговиот изнајмен стан, кај основното училиште „Блаже Конески“, но по пријавата полицајците не можеле да го пронајдат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

