Македонија
Комисијата за лустрација не донесе заклучок за екс-министерот за внатрешни
Комисијата за верификација на фактите на денешната, неколкучасовна седница го усвои извештајот за поранешниот министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, но не донесе заклучок, дознава Макфакс од извори во
Комисијата за верификација на фактите на денешната, неколкучасовна седница го усвои извештајот за поранешниот министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, но не донесе заклучок, дознава Макфакс од извори во Комисијата.
Според истите извори, предметот за другиот поранешен министер за култура е одложен за наредна седница.
Комисијата денеска не ги верифицираше изјавите на четворица поранешни функционери, меѓу кои имало и наредбодаватели, три извештаи биле усвоени, но не бил донесен заклучок, а еден бил одложен за наредната седница.
Со случајот за поранешниот прв човек на полицијата, првпат пред Комисијата за верификација на фактите на дневен ред е наредбодавател, а не директен соработник со тајните служби. Според неофицијални информации, тој се товари дека издавал наредби за прислушување и оперативна обработка од идеолошко-политички мотиви.
На прашање дали сега со ова се доведуваат во прашање и наредбите на сите досегашни министри за внатрешни работи, Аџиев вели дека пред Комисијата ќе се најдат функционери кои давале наредби од идеолошка и политичка природа.
„Ние работиме на утврдување соработници на тајните служби наредбодавачи и корисници на информации од идеолошки причини“, вели Аџиев.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вели дека работи во согласност со законите и дека не е запозната со тоа какви постапки се водат пред Комисијата.
„Јас немам информација какви постапки се водат пред комисијата за лустрација така што во тој дел не можам да коментирам, но во однос на прашањето, функцијата министер за внатрешни работи ја извршувам во согласност со позитивните прописи во нашата земја што значи дека не постои никакво стравување, ни опасност кој и да е, кој ги почитувал прописите на Македонија и постапувал исклучиво во согласност со законите на оваа земја, да стравува од некој непожелен исход за него“, изјави Јанкулоска.
Чедомир Дамјановски, член на Комисијата вели дека Комисијата работи незаконски. „Има целна група за отстрел без доволна проверка и мислам дека тотално се крши Законот“ рече Дамјановски, кој за утре закажа прес-конференција.
Дамјановски претходно обвини дека без негово знаење му го одзеле предметот за поранешниот министер за култура и на негововото место, предметот го сработил друг член.
Членовите на Комисијата, Благоја Гешоски и Јанакие Витановски, сé уште не учествуваат во работата на Комисијата.
Гешоски најави дека ќе побараат од Собранието Аџиев да биде разрешен, не само од местото претседател, туку и како член на Комисијата./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

