Македонија
Пауновски со нов доказ бара повторување на судењето
Второ барање за повторување на судењето, поткрепено со нови докази, поднесе екс – министерот за одбрана Љубен Пауновски.
Второ барање за повторување на судењето, поткрепено со нови докази, поднесе екс – министерот за одбрана Љубен Пауновски. Тој на денешната прес – конференција рече дека новиот доказ е клучен и преку него може да се види кој ги присвоил парите заради кој беше осуден. „Според Законот за кривична постапка, во вакви случаи, кога ќе се појави ваков нов вид директен доказ, судењето мора да биде повторено бидејќи укажува дека во процесот не била правилно утврдена фактичката состојба“, рече Пауновски. Тој додаде дека како доказ бил понуден акцептниот налог преку кој се гледа дека лицето Зоран Симоновски, сопственик на ХС Компани, подигнал пари од сметките на Министерството за одбрана. Според Пауновски, некој намерно сака да ги сокрие доказите во целиот случај, за тој да остане осуден за пари што не ги земал. „Јас и натаму, како и последниве девет години, ќе немам можност за основна егзистенција бидејќи секој приход ќе ми биде одземан за да вратам пари кои сега докажано преку акцептниот налог се кај Зоран Симоновски и кај фирмите на семејството Камчеви“, рече Пауновски. Поранешниот министер за одбрана нагласи дека го разбира стравот на судиите, но дека и тие треба да разберат дека станува збор за човечки живот. „Доколку и натаму не биде дозволувано да се повтори постапката, тоа ќе биде правосуден преседан“, додаде Пауновски. Тој рече дека за целиот случај континуирано го информира и Судот за човекови права во Стразбур. Екс – министерот Пауновски беше осуден на три и пол годишна казна затвор за злоупотреби, односно поради тоа што дозволил фирма зад која стоеле неговиот дедо и баџанак да изврши набавки на храна за потребите на АРМ. Зад него застана и Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права, како и Транспарентност Македонија. /крај/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

