Македонија
Меѓународен ден на слепите и на слабовидните лица

Меѓународниот ден на слепите и на слабовидните лица, попознат како Ден на белиот стап се одбележува денеска во целиот свет во согласност со препораката на ОН и Резолуцијата на Светскиот сојуз на слепите од 1992 година.
Меѓународниот ден на слепите и на слабовидните лица, попознат како Ден на белиот стап се одбележува денеска во целиот свет во согласност со препораката на ОН и Резолуцијата на Светскиот сојуз на слепите од 1992 година.Белиот стап е основно, досега ненадминато средство за самостојно движење на слепите лица. Иако белиот стап има соодветни недостатоци при движењето, другите помагала и средства за движење на слепите можат да бидат само дополнителни во однос на стапот. Насекаде во светот, 15 октомври се одбележува како Ден на белиот стап, како Ден на слепите за да се подигне свеста за проблемите на слепите и на слабовидните лица. Слепите овој ден го одбележуваат како можност да извршат ретроспектива на она што е сторено и да ја констатираат постојната состојба, планирајќи ги наредните чекори и мерки за подобрување на положбата на слепите. Меѓународниот ден на белиот стап со својата симболика и со недвосмислените пораки претставува многу повеќе – потсетува на проблемите на слепите и укажува на нивната загрозеност, која е своевиден апел и барање јавноста да се запознае, а општеството да се обврзе, дека треба слепите да ги прифати како рамноправни членови на заедницата, со сите граѓански права и човекови слободи, ослободување од секаква дискриминација и маргинализација. Националниот сојуз на слепите на Република Македонија со традиција долга 65 години со своите 17 здруженија на слепите лица како автентични и легитимни претставници на слепите бараат од македонската држава и општество на слепите да им овозможат и да создадат услови за целосна општествена интеграција и продуктивен живот и работа. Слепите не сакаат да бидат маргинализирани и отстранети од општествената сцена, туку да се интегрираат и да бидат присутни не само со својата активност, туку и со конкретен придонес за решавање на својата, но и на пошироката општествена проблематика, се вели во соопштението. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес и утре ќе се прска против комарци во Скопје

Од Град Скопје известија дека викендов (26.07 и на 27.07.2025 година), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, дополнуваат надлежните.
Македонија
Денес пеколно топло со температури од 43 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени Целзиусови.
И во Скопје че биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 43 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, а дневната температурата ќе биде во опаѓање.
Македонија
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени.
Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес, денеска во 10 часот делегации од Собранието и од Градот Скопје ќе положат цвеќе пред Споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта Бутел.
Во Музејот на град Скопје, вечер во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа”. Поставката ќе биде од траен карактер достапна за секој посетител во музејот. Градот како и секоја претходна година се сеќава на катастрофалниот земјотрес во 1963 година кој засекогаш го промени.
Скопскиот земјотрес во 1963 година е познат како една од најголемите трагедии кои се случиле во историјата на градот, но истовремено и шанса светот да ја покаже својата солидарност и да помогне во опоравувањето на заедницата.
Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.