Економија
МБИ-10 порасна за 1,5 насто
Клучниот индекс на македонската берза МБИ-10 на првиот трговски ден оваа недела порасна за 1,51 насто на 3.641,77 индексни поени.
Клучниот индекс на македонската берза МБИ-10 на првиот трговски ден оваа недела порасна за 1,51 насто на 3.641,77 индексни поени.
МБИД се намали за 2,59%, а вредноста му падна на 3.822,03 индексни поени. ОМБ се зголеми за 0,30% позиционирајќи се на ниво од 106,66 индексни поени.
Вкупниот промет при тргувањето на домашниот пазар на капитал во понеделник изнесуваше 14.751.619,11 денари. На официјалниот пазар прометот изнесуваше 12.100.343,11 денари, додека на редовниот пазар се оствари промет од 2.651.276,00 денари.
Најликвидна од официјалниот пазар беше акцијата на Алкалоид Скопје со промет од 3.423.985,00 денари. Просечната цена од 5.985,99 денари значеше пораст од 1,34%. Вкупно се истргуваа 572 акции кои се реализираа преку 30 трансакции.
Макпетрол Скопје оствари промет од 2.630.006,00 денари. Просечната цена изнесуваше 48.703,81 денари, а беше остварен дневен пораст од 0,22%. Истргувани беа 54 акции кои се реализираа преку 14 трансакции.
Трета по ликвидност од официјалниот пазар беше Гранит Скопје со промет од 1.465.939,00 денари. Просечната цена изнесуваше 958,76 денари, што значеше дневен пораст од 3,95%. Истргувани беа 1.529 акции преку 17 трансакции.
Од редовниот пазар најмногу се тргуваше со Стопанска Банка Скопје, а остварениот промет изнесуваше 853.125,00 денари. Просечната цена изнесуваше 375,00 денари, додека дневниот пад изнесуваше 0,20%.
Со акциите на Тутунска Банка Скопје се оствари промет од 814.295,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.253,52 денари што значеше дневен пад од 1,45%.Пет најтргувани хартии од вредност1. Алкалоид Скопје2. Макпетрол Скопје3. Гранит Скопје4. Комерцијална Банка Скопје5. Стопанска Банка СкопјеХартии од вредност со најголем пораст1. КЈУБИ Македонија Скопје 9,86%2. Гранит Скопје 3,95%3. Комерцијална Банка Скопје 2,62%4. РЖ Услуги Скопје 2,62%5. Р.Македонија – Девизни Влогови 2,39%Хартии од вредност со најголем пад1. ОКТА Скопје 24,28%2. Стопанска Банка Скопје Приоритетни 14,29%3. ОХИС Скопје 6,28%4. Адинг Скопје 3,85%5. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 2,56%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

