Македонија
Колбо:ЕУ да преземе иницијатива за решавање на проблемот со името
Потребна е иницијатива од шпанското претседателство на Европската унија (ЕУ) и поголема поддршка од Германија за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
Потребна е иницијатива од шпанското претседателство на Европската унија (ЕУ) и поголема поддршка од Германија за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Ова е став на Валтер Колбо, претседателот на германско-македонското друштво, изнесен во интервјуто за Дојче веле на македонски јазик. „Нема никакво поместување во ставот на Европската унија во однос на спорот за името и поддршката за Македонија. Многу жалам за ваквата ситуација, зашто како знаете, германскиот Бундестаг уште во 2004-та ја поддржа Македонија во однос со името. Но, Владата малку презема и натаму да ја поддржи Македонија”, смета Колбо, поранешен пратеник на социјалдемократите во Бундестагот. Според него, за решавање на спорот сега мора да има иницијатива од шпанското претседателство со ЕУ, како и од надлежните еврокомесари за проширување и надворешни работи. „Не може да се остане на статус кво. Канцеларката Меркел мора ова да му каже и на Папандреу. Тоа според мене е неопходно,” истакна Колбо. Тој смета дека еден клуч за решавање на спорот за името е – Париз. „Претседателот Саркози е на грчка страна и малку помага да се постигне компромис, така што и на оваа релација треба да се поработи. Според мене македонската страна е отворена и затоа сега треба да се организира поддршка за земјата, која едновремено би била и практицирана од Владата,“ дополнува Валтер Колбо претседателот на германско-македонското друштво, во интервју за Дојче веле на македонски јазик.. /крај/дв/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

