Свет
ОН: 34 загинати во напад врз камп на „муџахедини“ во Ирак
Триесет ичетири лица загинале минатата недела во напад на ирачките сили врз кампот Ашраф на иранските „муџахедини“ опозициски спротиставени на на режимот во Техеран, пренесува во четвртокот АFP повикувајќи се Фархан Хак, претставник на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун
„Познато ни е за пронајдени 34 тела на убиени во кампот Ашраф и околината. Се надеваме дека подоцна ќе дознаеме повеќе детали“, изјавил Фархан Хак. Претходно, претставници на движењето „Организација на муџахедините на иранскиот народ“ (ОМИН) соопштија дека во нападот врз логорот биле убиени околу 28 луѓе, вклучувајќи и жени. Официјален Техеран следниот ден, го поздрави нападот на ирачките сили, истакнувајќи дека постоењето на логорот не е уставно. Официјален Багдад соопшти дека до крајот на 2011 г. ќе ги затвори сите логори коишто се наоѓаат на ирачка територија кои се бази на иранските „муџахедини“, чие постоење е причина за долготрајните тензии во односите меѓу двете соседни земји. Одлуката на Багдад за дејствување во кампот Ашраф претставува уште еден знак за подобрувањето на односите меѓу двете земји започнато по соборувањето на режимот на Садам Хусеин, кои останаа крајно влошени и по ирачко-иранската војна во периодот од 1980 до 1988 г. ОМИН е основана во 1965 г. од страна на иранските студенти кои си поставија цел да го соборат режимот на шахот лојален на САД и во Иран да се формира социјалистичка исламска република. Нејзините припадници го поддржуваа лидерот на Исламската револуција, Ајатолахот Хомеини против режимот на шахот, но набрзо по Исламската револуција во 1979 г., идеолошки се разијдоа со клерикалистите. ОМИН во Иран изврши голем број напади, од кои во еден беше убиен Ајатолахот Бехешти, еден од оние кои стоеја во самиот зародиш на Исламската револуција. Секакви активности на организацијата во Иран беа забранети, а одредите на „муџахедините“ во 1982 г. се преселија во Франција, а во 1986 г. во Ирак, и со поддршка од Садам Хусеин редовно вршеа вооружените упади на територијата на Иран преземајќи субверзивни активности против Исламската Република Иран во целиот тек на иранско –ирачката војна (1980-1988). Според проценките на иранската влада, припадниците на ОМИН се одговорни за смртта на повеќе од 12 илјади ирански и повеќе од 25 илјади ирачки граѓани. Во 1997 г. американскиот Стејт-департмент официјално ја стави ОМИН на листата на светските терористички организации. Подоцна Вашингтон во неколку наврати ја доведе органзиацијата во поврзаност со Ал Каеда. По американската инвазија на Ирак, ОМИН беше неутрализирана и разоружана, но политичката активност на организацијата продолжи и натаму. Всушност, „муџахедините“ потпишаа примирје со САД, и нејзините припадници во странство повеќе не беа следени како терористи. Во јануари 2009 г. Европската унија ја избриша ОМИН од листата терористички организации, на која беше ставена во 2002 г. На оваа одлука, иранското министерство реагираше дека одлуката на ЕУ е спротивна на меѓународните норми и обврски на Унијата во борбата против меѓународниот тероризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски кажа што очекува од Америка ако Русија го отфрли новиот мировен план
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува Соединетите Американски Држави, предводени од Доналд Трамп, да извршат силен притисок врз Русија ако Москва ги отфрли мировните услови договорени со Вашингтон и Европа. Зеленски го изјави ова за време на летот назад од Берлин по вчерашните разговори, објавува Украинска правда.
На прашањето на новинарите што би се случило ако Кремљ ги отфрли договорите што ги финализираат Украина, САД и Европа, Зеленски одговори со доза на хумор.
„Ако Путин отфрли сè, тогаш ќе го имаме она што ни се случува токму сега во авионот – турбуленции. Ова навистина се случува сега“, се пошегува тој. „Но, секако, не е толку сериозно во споредба со војната. И во споредба со она што би се случило ако Путин ги уништи сите дипломатски можности и подготвеноста на Украина, Европа и САД.“
Зеленски објасни дека во ова сценарио би било логично САД да го зголемат притисокот врз Русија и да ја прошират воената помош за Украина.
„Мислам дека Америка би извршила притисок врз Русија со санкции и би ни обезбедила повеќе оружје ако тој одбие сè. Мислам дека тоа би било фер барање од наша страна кон Американците. Бидејќи, според мене, логиката е следнава: ако Американците се подготвени да обезбедат безбедносни гаранции за Украина и да применат силни гаранции ако Путин ги прекрши, тогаш искрено кажете ми како ова се разликува од ситуацијата каде што Путин едноставно не сака да ја заврши војната?“, рече Зеленски.
„Верувам дека би било фер барање од мене како претседател и од некои европски лидери да ни дадат барем дел од тие гаранции за да можеме да се одбраниме од Путин. Воздушна одбрана и оружје со долг дострел“, заклучи тој.
За време на брифингот, Зеленски откри дека по разговорите ќе бидат формализирани пет документи поврзани со безбедносните гаранции и реконструкцијата на земјата. Тој нагласи дека е постигнат „сериозен напредок“ по прашањето на гаранциите и го повтори цврстиот став на Украина дека нема да се согласи на де јуре или де факто признавање на окупираниот Донбас како руска територија. Во меѓувреме, американските медиуми, повикувајќи се на свои извори, објавуваат дека Вашингтон верува дека „90% од несогласувањата“ меѓу Украина и Русија се веќе решени.
фото/депозитфотос
Свет
Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 милијарди долари
Илон Маск стана првата личност чија нето вредност надмина 600 милијарди долари, според пресметките на списанието Форбс објавени во понеделник. Зголемувањето на богатството на Маск беше поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, SpaceX. Форбс ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак ја зголеми пресметката на уделот на Маск.
Само неколку часа претходно, Форбс ја процени нето вредноста на Маск на околу 500 милијарди долари. Богатството на Маск е првенствено поврзано со неговите удели во производителот на електрични автомобили Tesla и SpaceX. За разлика од Tesla, SpaceX е во приватна сопственост, што значи дека цената на неговите акции не се одредува на берзата.
Во такви случаи, проценките се базираат на рунди на финансирање или продажба на акции од страна на вработените и можат значително да се разликуваат од конечната пазарна вредност. Врз основа на цената по која вработените можеа да ги продадат своите акции, Форбс ја пресмета вкупната вредност на SpaceX на 800 милијарди долари, што е зголемување од претходната проценка од 400 милијарди долари.
Со оглед на тоа што Маск поседува приближно 40 проценти од SpaceX, ревидираната проценка на Форбс ја зголеми неговата проценета нето вредност на 677 милијарди долари.
Европа
(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.
Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.
„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.
REPORTER: An Article 5-like deal seems to be emerging without NATO membership for Ukraine. If such a security guarantee is offered, what incentive is there for Ukraine to give up any sort of territory?
US PRESIDENT TRUMP: Well, they've already lost the territory, you know, to be… pic.twitter.com/99sx8a6f03
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) December 15, 2025
На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.
Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.
На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.
Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.

