Македонија
Потребна е стратегија за поголема безбедност во училиштата, сметаат експертите
Потребна е сеопфатна стратегија за спроведување на превентивни програми со цел зголемување на безбедноста во средните училишта, велат од Здружението за безбедносни истражувања и едукација.
Потребна е сеопфатна стратегија за спроведување на превентивни програми со цел зголемување на безбедноста во средните училишта, велат од Здружението за безбедносни истражувања и едукација.Според нивно истражување, за 65 отсто од средношколците насилството е главен безбедносен проблем во училиштата, додека безбедно во училиштата се чувствуваат нецела половина од испитаните ученици, околу 48 отсто. „Она што е важно е да се предложат одредени превентивни програми којшто се работат на запад, бидејќи се смета дека она што е најважно е дека овие програми стартуваат со еден став дека сите во училиштето се одговорни за безбедноста: и наставниците, и директорот и луѓето кој што работат таму. Затоа на едно ниво на превентивни програми ќе се обучуваат како да реагираат во кризни ситуации“, вели психологот Драгана Батиќ.Според нив, индикативен е ставот на 65 отсто од учениците кои сметаат дека нивната безбедност е последна грижа на државата, додека дури 92 отсто сметаат дека за нивната безбедност се говори само кога ќе се случи некаков инцидент. Нивната анкета покажува и дека голем дел од инцидентите остануваат непријавени кај надлежните органи.„Имавме прилика дел од лицата што ги контактиравме баш во тој период да имаат лично искуство на насилство во училиштето, дури имале побарано и медицинска помош. Ги прашавме дали тоа го имате пријавено во полиција и ни рекоа дека им било страв, дека не се чувствувале сигурно и безбедно, дека биле нападнати од повеќе лица и дека се плашат дека доколку го пријават целиот случај во наредниот период ќе бидат нападнати пак од поголем број лица, што значи дека таа темна бројка, односно непријавените настани ни даваат за право да размислиме дека можеби има поголем број на девијантни однесувања од оние кои што се веќе познати во нашата јавност“, вели Марина Малиш – Саздовска од Факултетот за безбедност.Истражувањето е спроведено во сите 23 скопски средни училишта, а анкетирани се 10 отсто од учениците во трета година по случаен примерок. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

