Македонија
Македонија одбележува 139 години од раѓањето на Гоце Делчев
Македонија денеска одбележува 139 години од раѓањето на Гоце Делчев, револуционер и идеолог на македонското револуционерно движење
За историчарите – Делчев се вбројува меѓу најважните личности во современата македонска историја.„Ако зборуваме за современата македонска историја, нема поголема личност од личноста на Гоце Делчев. Мислам дека и пошироко е познато и тоа постојано треба да се афирмира. Тој е водечка личност на македонската револуционерна организација. Без Гоце Делчев, она што тој го подготви, не ќе го имавме Илинденското Востание, а тоа е темелот на македонската државност. По првиот, дојде и вториот Илинден за реализирање на Илинденските идеали на македонскиот народ за самостојна и независна држава Македонија, тоа што ние денес го имаме“, изјави Михајло Миновски.Во рамки на денешното чествување, висока владина делегација, составена од премиерот Никола Груевски, вицепремиерите Васко Наумовски и Адбулаќим Адеми и министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, се поклонија пред гробот на Делчев во црквата „св. Спас“ во Скопје. Почит за Делчев оддадоа претставници на кабинетот на Претседателот на Републиката, собраниска делегација, армиски претставници, на локалната самоуправа, преставници на политичките партии, како и делегации на македонски организации од странство. Според историчарот Миновски, на чествувањата како денешните треба да присуствува една, државна делегација која на најсоодветно ниво ќе го изрази значењето на Делчев.„Треба да има една државна делегација, со што ќе му се даде поголемо значење, без делегации на политички партии, па како што почнавме од општински комитети, потоа ќе дојде некој од месните заедници. Според тоа, треба да се цени големината на празникот и во таа смисла да биде организирано овој празник да обединува така како што Гоце Делчев го обединуваше македонскиот народ во борбата за ослободување и државност“, рече Миновски.Одбележување на годишнината од раѓањето на Делчев е предвидено и пред неговите споменици на централниот плоштад во Скопје и во градскиот парк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

