Свет
Албанската мафија ги назначува шефовите на подземјето во Македонија
Албанската мафија ги назначува шефовите на подземјето во Македонија, а македонските Албанци и нивните сонародници од Косово го раководат шверцот на дрога од Источна кон западна Европа.
ПОЛИЦИСКИ БОРД НА ДИРЕКТОРИ ТВРДИ
Албанската мафија ги назначува шефовите на подземјето во Македонија, а македонските Албанци и нивните сонародници од Косово го раководат шверцот на дрога од Источна кон западна Европа. Станува збор за официјална информација соопштена на состанок на Бордот на директорите на меѓународната полициска организација со седиште во Њујорк.
Италијанската полиција во минатата недела во Милано го уапсила Метуш Бирами (47) македонски наркобос, кој имал и бугарски пасош. Со неговото апсење завршила двегодишната меѓународна операција против мафијата и шверцот со дрога во западна Европа. Полицијата ја следела продажбата на 500 килограми кокаин низ Европа, а притоа биле уапсени десет албански наркошверцери, кои рекетирале, ограбувале и малтретирале богати италијански семејства.
Според Марко Ницовиќ, член на Бордот и поранешен шеф на белградската полиција, албанската мафија ја уредува “кадровската политика” во подземјето на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.
Албанската мафија го зазема третото место во светот, и се проценува дека во Европа дејствува со околу 15.000 члена. Тие годишно заработуваат помеѓу 400 и 500 милиони американски долари. За да заработи уште повеќе пари, албанската мафија изнајмува врвни економисти, кои ги советуваат босовите во кои бизниси е нејпрофитабилно да ги вложуваат парите заработени во бизнисот со дрога и трговијата со луѓе.
Во Бордот на меѓународната полициска организација сметаат дека Босна и Херцеговина станува складиште на дрогата од каде што таа се пренсува низ Европа. Пратките со дрога одат од Турција преку Санџак, северна Црна Гора кон БиХ и Хрватска и понатаму кон запад. Друг начин на префрлување на дрогата е преку автопати што водат кон Западна Европа преку Словенија.
Според Ницовиќ, кога ќе се каже Албанци, се мисли на Албанците од Косово и од западна Македонија. Криминалците од Република Албанија се само нивни сиромашни роднини и сервис. Косовската и македонската албанска мафија купиле многу недвижности во Албанија: пристаништа, магацини, хотели и фабрики.
Италијанската полиција неодамна утврдила поврзаност помеѓу кинеската и албанската мафија, а најмногу во нелегалната имиграција. Ова го посочи Дирекцијата за антимафија во Фиренца, според која постои организиран канал за трговија со нелегални кинески имигранти.
Каналот се протега од Пекинг до италијанскиот град Анкона и минува низ Грција и Албанија. При пристигнувањето во Албанија, повеќето од имигрантите биле принудно задржани од групи, поврзани со локалната мафија. Откако ќе го плателе откупот, тие биле испраќани во Италија. Според полицијата двете банди работеле заедно и при купувањето на оружје, кокаин и екстази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

