Македонија
Четврта жртва на грипот во Македонија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/bd15d7a6-4125-487d-a502-aa48e63405fd.jpeg)
Четириесет и тригодишен маж со вирус на грип од типот А починал на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Пациентот бил примен на Клиниката на 16 февруари во исклучително тешка состојба, но и со тешки невролошки заболувања, а починал еден ден подоцна.
На Клиниката во моментот се хоспитализирани тројца пациенти во критична состојба, но и уште неколку кои се со најчеста компликација – бронхопневмонија. Ова е четврта жртва на вирусот на грип сезонава. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Последната објава на Игор Југ посветена на ќерка му: Животот ти помина со татко во затвор, а тоа го чека и твојот брат кој наскоро треба да се роди
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-07-101323.jpg)
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој на социјалните мрежи споделил статус преку кој и го честита роденденот на својата ќерка и и порачува дека еден ден таа и брат и ќе разберат што сака да им каже.
„Среќен седми роденден Катерина! Уште од раѓање животот ти помина со татко во затвор! Тоа најверојатно го чека и твојот помал брат, кој наскоро треба да се роди.
Запомни, тоа ви го направија „чичковците“ кои ја водат оваа држава. И претходните и актуелните!!!“, пишува Игор Југ.
Еден ден ти и брат ти ќе разберете што тато сака да ви каже, додава тој.
Скопје
МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/policija-mvr.jpg)
Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.
Македонија
Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/igor-jug.jpg)
На 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“.
Тој беше осуден на 12-години затвор, а последниве осум ги помина зад решетки. Беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба.