Економија
Словенечки Меркатор лани имал приход од 2,93 млрд евра
Словенечката групација „Меркатор“, според првичните процени, во 2011 година остварила приход од 2,93 милијарди евра чист приход од продажба, што претставува 5,4 отсто повеќе отколку во претходната година.
Словенечката групација „Меркатор“, според првичните процени, во 2011 година остварила приход од 2,93 милијарди евра чист приход од продажба, што претставува 5,4 отсто повеќе отколку во претходната година. Според соопштението што во петокот го објави управата на најголемиот словенечки трговски синџир на интернет страницата на Љубљанската берза, чистата добивка на „Меркатор“ во 2011 година е намалена за 21,6 отсто во однос на претходната 2010 година, и изнесува 23.8 милиони евра. Оваа бројка се толкува со заострените услови за работење до кои дојде во втората половина од минатата година,, како и од курсните разлики во државите во југоисточна Европа во кои е присутна словенечката групација. Групацијата „Меркатор“ за 2012 година предвидува дека ќе оствари повеќе од три милијарди евра чист приход од продажба, што би претставувал раст за 3,3 отсто во однос на 2011 година. Притоа, 56 отсто би биле приходите од продажбата во Словенија, а 44 отсто од продажбата на странските пазари. Истовремено, се очекува годинава да биде забележано натамошно намалување на чистата добивка за 34 отсто, на 15,7 милиони евра, а во „Меркатор“ планираат дополнителни мерки за зголемување на конкурентноста поради заострените мерки за работење коишто се очекуваат во 2012 година. Поради натамошното намалување на очекуваната добивка, групацијата за оваа година планира да исплати дивиденда од 3 евра по акција, како и продажба на недвижнини во износ од 250 милиони евра. Целиот планиран приход од монетизација на недвижнините на „Меркатор“, се планира да се насочат кон намалувањето на задолженоста на групацијата, а се планираат и низа противкризни мерки, рационализација и користење на внатрешните резерви во доменот на деловните процеси, обртниот капитал, инвестициите и управувањето со недвижностите.Групацијата „Меркатор“ на крајот од минатата година имала вкупно 24.267 вработени, од кои во Словенија повеќе од 12 илјади работници./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.
Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.
„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.
Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).
„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.
Економија
Дизелот поскапува
Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)

