Македонија
Трошоците на животот во октомври се намалиле за 0,4 насто
Трошоците на животот мерени преку цените на стоките и услугите за лична потрошувачка (COICOP) во октомври годинава во однос на септември се намалиле за 0,4 насто
Трошоците на животот мерени преку цените на стоките и услугите за лична потрошувачка (COICOP) во октомври годинава во однос на септември се намалиле за 0,4 насто.
Ова во петок го соопшти државниот завод за статистика, додавајќи дека трошоците на живот според класификацијата COICOP во октомври годинава во однос на истиот месец лани се намалиле за 2,4 проценти.
Според намената на потрошувачката во октомври годинава, во споредба со претходниот месец намалување е забележано кај групите Сообраќај за 2.2%, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7% и Рекреација и култура за 0.5%.
Пораст на трошоците на животот е забележан во групите: Образование за 1.0%, Облека и обувки за 0.8%, Комуникации за 0.2%, Алкохолни пијалаци и тутун и Мебел, покуќнина, одржување на покуќнина за 0.1%.
На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите: Домување, вода, електрика, гас и др. горива, Здравје, Ресторани и хотели и Останати стоки и услуги. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

