Контакт

Свет

Јакне расизмот во Швајцарија

Објавено пред

Бројот на случаи на расизам над црнците и муслиманите, пред сè на мажите, во Швајцарија бил во пораст во 2010, покажа денеска истражувањето во кое се осудува и политичкиот говор што поттикнува ксенофобија.

dobivaj vesti na viber

Бројот на случаи на расизам над црнците и муслиманите, пред сè на мажите, во Швајцарија бил во пораст во 2010, покажа денеска истражувањето во кое се осудува и политичкиот говор што поттикнува ксенофобија. „Во последните години, дел од пратениците сè повеќе го негира постоењето на расизмот во нашето општество“, се наведува во заедничкиот документ на Федералната комисија за борба против расизмот и организацијата Хјуман рајтс воч. Во извештајот се оценува дека забраната за изградба на минариња и депортацијата на странци – извршители на кривични дела, директно влијаеле врз јакнењето на расизмот во Швајцарија. Најголем број расистички напади (178) во 2010. година е извршен врз муслиманите. „Повеќето извршители на расистичките напади има висок социјално-економски статус и директно или индиректно го користеле против жртвите, воглавно мажи“. Расистичките напади претежно се случувале на јавни места и на работа, пишува во извештајот. /крај/афп/б/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Објавено пред

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека ФБИ направило грешка и дека нејзиниот внук нема никаква вина. Кирк беше застрелан со еден истрел додека присуствуваше на настан во Универзитетот Јута Вали, пред три дена, пишува „Unilad“.

dobivaj vesti na viber

По интензивна потрага, ФБИ вчера потврди дека Робинсон е приведен како главен осомничен. Набргу по објавата, неговата баба Деби Робинсон со солзи во очите за „Дејли Мејл“ изјавила дека Тајлер е тивок, вреден и срамежлив млад човек, кој никогаш не покажувал интерес за политика, иако потекнува од републиканско семејство.

„Тајлер е најсрамежливата личност што ја познавам. Никогаш не зборуваше за политика, иако скоро сите во нашето семејство сме републиканци. Навистина сум збунета“, вели таа.

Полицијата соопшти дека уапсениот бил идентификуван по дојава од член на семејството, но Деби додава дека не верува нејзиниот внук некогаш ракувал со оружје.

„Да бидам искрена, не мислам дека некогаш испукал куршум. Никогаш не ловел, ниту пак поседувал оружје. Едноставно нема шанси да направи нешто вакво“, изјави таа, нагласувајќи дека Тајлер е „добро и мирно момче“ кое никогаш немало проблеми со законот.

Сепак, овие зборови се косат со изјавата на гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој тврди дека Робинсон наводно во разговори со семејството изразувал несогласување со ставовите на Кирк и станал „пополитички активен“ пред пукањето.

Иако е убедена дека ФБИ ја промашило целта, Деби рече дека најдлабоко сочувствува со сопругата и децата на Кирк. Робинсон беше приведен во неговиот дом во јужна Јута, а доколку биде прогласен за виновен, се соочува со можност за смртна казна.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски: Руската офанзива на Суми не успеа

Објавено пред

Три лица беа убиени во руски напад рано наутро во северниот украински Сумски регион, изјави регионален функционер, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека обидите на Москва да напредува во областа не успеале со големи загуби.

dobivaj vesti na viber

Руските сили се вклучени во долг, исцрпувачки напад по должината на фронтот од 1.000 километри низ источна Украина, но во последните месеци се обидуваат да се зацврстат во области како Суми, пограничен регион со рускиот Курски регион.

Тие освоија голем број села во близина на границата и ги изложија поголемите градови, како што е Суми, на чести гранатирања. Гувернерот на Сумскиот регион, Олех Грихори, рече дека во напад со беспилотни летала и ракети рано наутро загинаа тројца жители во или во близина на Суми, а пет други беа повредени.

Но, Зеленски, повикувајќи се на врховниот украински воен командант Олександр Сирски, рече дека руската операција во регионот „беше целосно попречена од нашите сили“.

„Борбите продолжуваат во пограничните области на Сумискиот регион, но руската група во правец на Суми ги изгуби своите офанзивни способности како резултат на претрпените загуби“, напиша тој на Телеграм.

Зеленски објави успеси во други операции во Суми во последните недели и дека силите на Киев, исто така, активно ги потиснуваат руските трупи во Доњецк и Запорожје, две главни области на фронтовската линија.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили зазеле ново село, Тернове, во регионот Дњепропетровск во централна Украина, што е втор ден по ред во кој Русија известува за заземање на село во регионот.

Во јавни изјави, Украина ги нагласи своите напори да ги спречи Русите да заземат каква било позиција таму. Популарниот украински воен блог „ДипСтејт“, кој користи известување од отворен код за следење на воените позиции, објави руски придобивки во близина на Терново и најмалку едно друго село во областа, додека друг воен блогер објави дека украинските сили повторно зазеле едно село во регионот од руските трупи.

Прикажи повеќе...

Свет

Земјотрес со магнитуда од 7,1 ја погоди Камчатка

Објавено пред

Земјотрес со магнитуда од 7,1 го погоди источниот брег на рускиот регион Камчатка, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

dobivaj vesti na viber

Американскиот геолошки институт ја процени магнитудата на 7,4, со длабочина од 39,5 км.

Тихоокеанскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека постои закана од можно цунами од земјотресот. Во Јапонија, југозападно од полуостровот Камчатка, не е издадено предупредување за цунами, објави телевизиската станица NHK, повикувајќи се на Јапонската метеоролошка агенција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија13 часа

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија14 часа

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет15 часа

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет15 часа

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...

Свет16 часа

Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера...

Топ19 часа

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија19 часа

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...

Македонија20 часа

„Вардариште“ е обезбедено, останува „Дрисла“, проблемот ќе биде саниран за една недела, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори на новинарско прашање во...

Топ20 часа

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР...

Македонија23 часа

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...

Европа1 ден

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет1 ден

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет1 ден

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...

Свет1 ден

Трамп: Вдовицата на Кирк е скршена, напаѓачот е левичарски лудак и животно

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на јужниот тревник на Белата куќа пред да полета за Њујорк. Фокусот на...

Свет1 ден

(Видео) Објавена првата снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Објавено е првото видео од осомничениот за убиството на најистакнатиот американски десничарски активист Чарли Кирк, јавува Си-ен-ен. Видеото, објавено од...

Регион1 ден

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа1 ден

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет2 дена

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...