Македонија
„Економист“: Македонија се разубавува
Главниот град добива контроверзен фејслифт
Има многу шарм, но архитектурата не е еден од нив. Наново изграден по земјотресот во 1963 година, кој сосема го уништи, Скопје, главниот град на Македонија со години го карактеризираа грди бетонски блокови и чудни празни простори, се вели во денешниот извештај за проектот „Скопје 2014“ на лондонскиот неделник „Економист“.Неделникот понатаму го опишува „Скопје 2014“, како план на премиерот Никола Груевски, пренесувајќи ги про и контра изјавите за проектот.„Поддржувачите, велат дека по децении стагнација, Скопје ќе ја добие обновата што ја заслужува преку хероите излеани во мермер и бронза. Скептичните критичари, навикнати на живеат во град во кој ништо знајачно не се случува, саркастично прашуваат кој триумф се слави со планираната триумфална капија.“Натаму, неделникот пишува дека проектот ја лути Грција и дека предизвикал доста реакции кај Албанците.„Скопје 2014 година е фрлање пари, грд, архитектонски пропаднат и политички луд проект“, изјавил Сашо Орданоски за неделникот. Според Радмила Шеќеринска, премиерот Груевски поставил паметна стапица. „Политичарите ќе се судираат околу проектот со тоа што ќе губат или добиваат поени на национална и религиозна основа и истовремено ќе се шегуваат со Грција“, изјавила Шеќеринска за „Економист“.
Извор од Владата за „Економист“ изјавил дека проектот не е само за разубавување на Скопје, туку и за да им се даде работа на градежните работници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

