Економија
Еврото ослаби во однос на доларот, јенот и франкот
Еврото во понеделникот на меѓународните пазари се спушти на најниското ниво во последните шест седмици во однос на доларот, а го забележа и најниското ниво во последните четири месеци во однос на франкот,
Еврото во понеделникот на меѓународните пазари се спушти на најниското ниво во последните шест седмици во однос на доларот, а го забележа и најниското ниво во последните четири месеци во однос на франкот, во заднината на тешките преговори меѓу Атина и приватните кредитори, при што се верува дека самитот она ЕУ нема многу да помогне. Еврото во текот на понеделникот во односот кон американскиот долар ослаби з а0,9 отсто на 1311о долари. Утринава накусо го достигна највисокото ниво во последните шест седмици од 13233 долари, а минатата седмица беше во добивка од 2,7 отсто. Единствената европска валута ослаби и во однос на швајцарскиот франк, спуштајќи се на најниското ниво во последните четири месеци од 1,2050 франка. Еврото под притисок беше и спрема јапонскиот јен, ослабувајќи за 0,9 отсто, на 100,55 јени. Доларот, пак, се опорави во однос на јенот по големите загуби во текот на последните две седмици од тргувањето, па со него се тргуваше по 76,70 јени.Имајќи предвид дека преговорите на Грција со приватните кредитори и претставниците на ткн „тројка“ е донесоа поголем напредок, разликите во приносите меѓу референтните германски државни обврзници и оние земји на периферијата од еврозоната се зголеми со тоа дополнително зајакнаа притисоците врз еврото, така што аукцијата на италијанските државни обврзници од понеделникот мина мазно, но и натаму е присутна загриженоста на пазарите.Договорот меѓу Грција и нејзините доверители од приватниот сектор за реструктуирање на нејзиниот долг не се очекуваше пред почетокот на самитот на Европската унија во понеделникот попладне во Брисел. Европските лидери, покрај другото, би требало да ги потврдат промените на договорот за стабилизацискиот фонд за заштитата не еврото, Европскиот стабилизациски механизам (ESM), кој треба да почне да функционира во јули годинава, една година пред првично одредениот термин. Се очекува, исто така, и договор за вградување на правилата за врамнотежениот буџет во националните законодавства. Сугестиите дека Грција и требало да го препушти надзорот на нејзините буџетски политики на европските институции, предизвика гнев во Атина, и остра изјава на грчкиот министер за финансии, Евангелос Венизелос, што според инвеститорите дополнително го притисна еврото. „Изгледа дека договорот за Грција ќе биде постигнат во втората половина од седмицата, но се чини оти ќе зависи од тоа кој ќе даде средства за пополнување на недостигот во грчките финансии. Мислам дека денешното повлекување ан еврото е последица на тоа што пазарите можеби нешто очекуваа во врска со Грција и оптимизмот благо попушти“, изјави за Reuters Гавин Фриенд, валутен стратег од „National Australia Bank“, додавајќи дека не се очекува од самитот на ЕУ да има позначајно влијание на пазарите. Повеќето аналитичари сметаат дека на повидок е постигнувањето договор меѓу Грција и кредиторите, со што долгорочната вредност на нејзините државни обврзници коишто се кај приватните кредитори би се намалила за малку повеќе од 70 отсто. Тоа ги буди надежите дека оваа презадолжена членка на еврозоната може да го избегне хаотичниот банкрот. Грчките преговори се закочија на прашањето ан каматните стапки и околу тоа дали Европската централна банка (ECB) и другите кредитори во државниот сектор, исто така, мора да преземат врз себе дел од загубите од своите портфељи на грчкиот државен долг.На доларот, пак, нови насоки би можел да му даде податокот за американските лични приходи и потрошувачката. Тие податоци се во центарот на вниманието на пазарите откако американската централна банка Fed ги усвои како основа за посакуваната инфлација./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)
Економија
Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година
Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.
Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.
Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.
„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.
Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.
Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.
(ПР)
Економија
Забрзување на енергетската транзиција: Јасен план и координиран пристап – одржан состанок на JETIP Инвестициската платформа
Денеска се одржа четвртиот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform), на кој клучните актери разговараа за напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Северна Македонија.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, истакна дека во изминатиот период Министерството е фокусирано на зајакнување на политичките и планските основи неопходни за ефективна имплементација на Инвестициската платформа.
Во таа насока, подготвени се два Годишни планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, усогласени со приоритетите на праведната транзиција, кои обезбедуваат јасна краткорочна рамка за реализација на проектите и подготвеност за инвестиции.
Паралелно, Националниот план за енергија и клима ја заврши фазата на јавни консултации и влезе во завршна фаза на финализација. НЕПК ги обединува целите за декарбонизација, развојот на обновливите извори на енергија и потребите за флексибилност на енергетскиот систем, со посебен фокус на регионите погодени од транзицијата од јаглен. По неговото усвојување, Планот ќе претставува стабилна основа за јавните и приватните инвестициски одлуки.
На регулаторен план, во завршна фаза е и подготовката на Законот за обновливи извори на енергија, со чијштоo усвојување ќе се создадат услови за значително забрзување на инвестициите и исполнување на целите за декарбонизација.
Овие активности не претставуваат изолирани реформи, туку овозможувачки чекори за реализација на проектната рамка на Инвестициската платформа.
Владата уште еднаш ја потврди својата силна посветеност на праведната енергетска транзиција, поддржувајќи ја Инвестициската платформа како клучен механизам за координација, инвестиции и забрзана имплементација на реформите.

