Македонија
Стандард&Пурс ја подигна прогнозата за Македонија

Агенцијата за кредитни рејтинзи Стандард&Пурс ја подигна од „негативна“ на „стабилна“ прогнозата за идните движења
Агенцијата за кредитни рејтинзи Стандард&Пурс ја подигна од „негативна“ на „стабилна“ прогнозата за идните движења на кредитните рејтинзи на Македонија.Стандард&Пурс истовремено ги потврди важечките кредитни рејтинзи за Македонија.Агенцијата во понеделникот го потврди кредитниот рејтинг на Македонија за краткорочно и долгорочно задолжување во странска валута на ББ/Б и рејтингот за задолжување во домашна валута на ББ+/Б.Потврдена е и оценката на трансферот и на конверитибилноста ББ+, како и рејтингот на враќање на македонскиот долг во странска валута на 3.Ревизијата на прогнозата го одразува нашиот став дека попуштија надворешните притисоци со кои се соочува Македонија, изјави аналитичарот на Стандард&Пурс Каи Стикенброк, додавајќи притисоците не исчезнаа целосно.Актуелното намалување на големиот дефицит на тековниот платен биланс, со способноста на македонската влада да привлече странски средства за финансирање ја ублажи загриженоста околу надворешната ликвидност и одржливоста на курсот на денарот во однос на еврото, смета Стандард&Пурс.Дефицитот на платниот биланс, годинава, според очекувањата на агенцијата, ќе изнесува 8,5 насто БДП, а очекуваниот нето прилив на странски инвестиции изнесува три насто БДП./крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.