Свет
Петмина убиени и 20 ранети во дискотека во Гватемала

Најмалку пет лица се убиени а 20 се сериозно повредени во масовна престрелка во дискотека во гватемалскиот град Вила Нуева, 25 километри јужно од престолнината Гватемала Сити, јави во неделата никарагванската агенција LaPrensa.
Најмалку пет лица се убиени а 20 се сериозно повредени во масовна престрелка во дискотека во гватемалскиот град Вила Нуева, 25 километри јужно од престолнината Гватемала Сити, јави во неделата никарагванската агенција LaPrensa.
Според полицијата, група вооружени лица влегле во објект на рекреативен центар околу полноќ и отворила оган врз посетителите. Три лица загинале на самото место, две починале подоцна во болница. Повеќе од 20 лица биле пренесени во болница со прострелни рани, и во многу сериозна состојба.
Напаѓачите веднаш се ослободиле од оружјето, на местото од инцидентот полицијата принашла пет автоматски пушки „М16“ , а недалеку од дискотеката „El Ranchоn“ едно такси возило коешто било украдено од страна на убијците пред да го извршат нападот.
Овој крвав чин е првиот сериозен предизвик од страна на организраниот криминал во земјата откако претседателот Ото Перез Молина, ја презеде функцијата на 14-ти јануари. Молина стана првиот поранешен офицер кој дојде на власт во Гватемала во последните 26 години. Главната тема на неговата кампања беше преземањето активна борбата против организираниот криминал.
Главните внатрешни проблеми на Гватемала денес се високата стапка на сиромаштијата и високото ниво на криминал кој доаѓа од многуте улични банди и нарко дилерите. Според официјалните податоци, дневно во оваа мала земја од Централна Америка, во пресметките на бандите гинат во просек по 16 луѓе.
Од поранешниот офицер, околу 13-те милиони жител на Гватемала очекуваат преземање остри мерки за подобрување на безбедноста во земјата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Падна француската влада

Францускиот премиер Франсоа Бајру го изгуби гласањето за доверба што самиот го побара за својата влада.
Француското национално собрание гласаше за негово разрешување со 364 гласа „за“ и 194 „против“, со што се собори неговата малцинска влада.
фото: епа
Европа
Францускиот премиер пред заминување: Нашата земја е во голема опасност

Преголемиот долг на Франција го доведува во прашање нејзиниот опстанок, предупреди денес премиерот Франсоа Бајру, пред гласањето за доверба на неговата влада, кое се очекува да го изгуби, што би можело да ја турне втората по големина економија во еврозоната во подлабока криза.
Бајру, четвртиот премиер за помалку од две години, побара гласање за доверба поради акутниот притисок со кој се соочува Франција, со минатогодишниот дефицит кој е речиси двојно поголем од европската граница од 3 проценти од БДП и јавниот долг од 113,9 проценти од БДП.
Тој го предупреди парламентот дека секоја следна влада ќе се соочи со истите проблеми. „Имате моќ да соборите влада, но немате моќ да ја избришете реалноста. Реалноста ќе остане неумолива: трошоците ќе продолжат да растат, а товарот на долгот, веќе неподнослив, ќе стане потежок и поскап“, им рече Бајру на пратениците.
Опозициските партии јасно ставија до знаење дека не се согласуваат со него за тоа како да се справи со долгот и ќе гласаат против малцинската влада на Бајру.
„Клучното прашање, прашање на живот и смрт, каде што е во прашање нашиот опстанок… е прашањето за контрола на нашите трошоци, прашањето за презадолженост“, го предупреди Бајру парламентот.
Падот на малцинската влада, што изгледа веројатно, би можел дополнително да ги продлабочи проблемите на Франција во критичен момент за Европа која бара единство, соочена со војната на Русија во Украина, сè подоминантната Кина и трговските тензии со Соединетите Американски Држави.
„Нашата земја има итна потреба од јасност, има најитна потреба од единство. Но, токму поделбата се заканува да преовлада, а го загрозува нејзиниот имиџ и углед.“
Исходот од гласањето за доверба, по говорите на Бајру и лидерите на сите политички групи, би можел да биде познат околу 19 часот по средноевропско време.
фото: принтскрин
Свет
Шпанскиот премиер: Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави девет мерки против Израел, вклучувајќи ембарго за оружје, со цел „запирање на геноцидот“ што земјата го спроведува во Палестина.
„Едно е да ја браниш својата земја, а друго е да бомбардираш болници и да ги изгладнуваш децата“, рече Санчез во говорот од зградата на владата во Мадрид.
„Не станува збор за одбрана, па дури ни за напад, туку за истребување на народ кој не може да се одбрани. Тука се прекршени сите закони на хуманитарното право“, додаде тој.
Санчез ја обвини меѓународната заедница за соучество во злосторството на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, потсетувајќи дека израелската армија убила 63.000 луѓе, ранила 159.000, изгладнела 250.000 и протерала повеќе од 2 милиони од своите домови.
„Шпанската влада итно ќе усвои мерка за правно регулирање на воведувањето ембарго за оружје врз Израел“, рече Санчез.
Ова ќе забрани купување и продажба на оружје, муниција и воена опрема на Израел. На шпанските пристаништа нема да им биде дозволено да примаат бродови што транспортираат гориво за израелската армија, додека на авионите што транспортираат резерви за израелските вооружени сили ќе им биде забрането да влегуваат во шпанскиот воздушен простор.
„Ќе забраниме влез во Шпанија на сите лица кои директно учествуваат во геноцид, кршење на човековите права и воени злосторства во Појасот Газа“, рече премиерот.
Шпанија, исто така, ќе забрани увоз на сите производи што доаѓаат од израелските населби во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа со цел „да се сузбие окупацијата, да се запре присилното протерување и да се олесни решението за две држави“.
фото: принтскрин